Како да разликувате мудра жена од површна: Еден мудрец дал вистинско објаснување – паметната има 2 важни карактеристики

Точка

14/05/2024

12:00

15.769

Големина на фонт

а а а

Паметната жена не ја карактеризираат материјалните работи туку длабоката подготвеност да се соочи со реалноста, да ја прифати одговорноста за своите постапки.

Аристотел, еден од најпознатите филозофи во античка Грција, сметал дека вистинската мудрост лежи во способноста да се соочиме со животните предизвици, а не во удоволување на моменталните желби.

Тој верувал дека мудриот човек не тежнее кон она што е пријатно туку кон она што ги олеснува неволјите. Оваа идеја ја нагласува важноста на долгорочното размислување и решавање на проблемите, наместо краткорочните задоволства.


Жан де ла Бруер, француски филозоф, укажал на парадоксот на интелигенцијата. Тој забележал дека луѓето кои себеси се сметаат за многу паметни често покажуват недостаток на реалната интелигенција.

Неговата изјава сугерира дека вистинската интелигенција не е само во самодовербата и уверувањето во сопствената памет туку и во способноста реално да се процени сопственото знаење и способност.

Еленор Рузвелт, поранешната прва дама на САД, додала свое гледиште на оваа тема. Таа забележала дека луѓето со недостаток на интелигенција често „паѓаат“ во озборувањето додека паметните поединци разменуваат подлабоки морални и етички концепти.

Паметните луѓе, според нејзините зборови, разликуваат добро од зло, вистина од лага, правда од неправда. Нивната способност да ги анализираат сложените ситуации и да носат морално исправни одлики ги прави навистина интелигентни.

Еден источен мудрец го прашале: Како да разликуваме паметна од глупава жена? Тој дал многу прецизен одговор: За паметен може да се нарече оној чии планови во поголем дел од случаите се спроведуваат.

Паметната жена не сонува за нереални работи. Таа исто така не ја обвинува судбината или другите луѓе околу себе што некои работи не се како што треба. Таа сама себе си поставува задачи и ги исполнува. Го цени она што го има, а најмногу се бори сама за себе да постигне некои работи.


Едноставно, таа не очекува среќен живот туку сама го создава. Подготвена е сама да чекори и да се бори за она што животот ѝ го наметнува. Во доброто ужива, а од лошото учи да се избори.

Тоа е одликата на паметните жени.

Да се биде паметна жена не станува збор за интелектуална супериорност или академски успеси. Паметните жени не играат игри на моќ, не ги озборуваат другите, не учествуваат во беспотребни кавги и не се смеат на туѓите неволји.

Нивната сила лежи во вниманието, бестрашноста и способноста да ги согледаат суштинските вредности во животот. Паметната жена не ја карактеризираат материјалните работи, туку длабоката подготвеност да се соочи со реалноста, да ја прифати одговорноста за своите постапки и да носи морално исправни одлуки, што ја прави суштински вистински интелигентна и мудра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг