Зошто некои луѓе остануваат верни, додека други изневеруваат? Ова прашање често ги мачи оние кои се соочиле со неверство во врската. Иако довербата е темел на секоја здрава врска, некои лесно ја нарушуваат, оставајќи ги партнерите со чувство на изневерување и болка. Неверствата можат да имаат различни форми – од физичко и емотивно неверство до дигитално флертување – но последиците секогаш се длабоки. Истражувањата покажуваат дека одредени психолошки особини можат да ја зголемат склоноста кон неверство, поткопувајќи ја стабилноста на и најсилните односи. Психологот Марко Треверс подетално ги објаснува овие особини.
Нарцисоидни наклонетости
„Личностите со изразен нарцизам постојано бараат восхит и потврда на својата вредност, а ако партнерот не им дава доволно внимание, склони се да го побараат тоа на друго место. Личностите кои покажуваат сексуален нарцизам често имаат егоцентричен став кон интимните односи, ниско самопочитување и преферираат традиционални родови улоги, што исто така го потврдуваат и истражувањата“, вели Треверс за "Psychology Today".
Нивното чувство за супериорност и недостатокот на емпатија доведуваат до импулсивно барање задоволство, при што не обрнуваат внимание на чувствата на партнерот. „Освен тоа, често го користат сексот за да го зајакнат своето его, веруваат дека се извонредни љубовници без оглед на искуствата на партнерот и тешко поднесуваат критика“, додава психологот.
Ниско самопочитување
Личностите кои се чувствуваат несигурно понекогаш изневеруваат за да се чувствуваат посакувано или да ја потврдат својата вредност. Сепак, таквото однесување често им нанесува штета не само на нивните партнери, туку и на самите нив.
„Неверните партнери често го намалуваат своето чувство на вина за да го заштитат својот имиџ, што може да доведе до лицемерно однесување и избегнување на одговорност, покажува истражувањето од 2019 година. Исто така, некои го користат неверството како средство за моќ и контрола, несвесно или намерно повредувајќи го партнерот за да се чувствуваат надмоќно“, вели Треверс.
Страв од емотивна близина и ранливост
Некои луѓе имаат тешкотии да се отвораат во врски, а неверството им овозможува да избегнат емотивна ранливост. Неверството може да биде алатка за избегнување интимност, особено кај личностите со несигурен стил на приврзаност, покажува едно истражување.
„Кога ќе се соочат со емотивни барања од врската, може да побараат површни односи надвор од врската, каде немаат потреба за подлабоко поврзување. Иако тоа им дава привремен чувство на контрола, долгорочно го саботираат сопствениот капацитет за изградба на здрави односи“, објаснува психологот.
Разбирањето на овие психолошки обрасци е клучно за препознавање на потенцијални проблеми во врската и личен развој. „Иако одредени својства можат да го зголемат ризикот од неверство, тие не ја одредуваат судбината на личноста – самосвест, отворена комуникација и поддршка можат да помогнат во прекинување на деструктивните обрасци и создавање по стабилни, пополни врски“, заклучил Треверс.