Во Врање се случила уште една несекојдневна ситуација, па на 06.03.2025 година трафика била „заробена“ на познатиот Бел мост во Врање.
На јавноста не ѝ е познато како дошло до ваквиот развој на настаните на историскиот локалитет.
Засега не е познато дали Белиот мост е оштетен.
Порталот „InfoVranjske.rs“ дознава дека приватно лице со теренски машини се обидело да ја „премести“ трафиката од една на друга страна. Но, обидот за трансфер завршил на самиот мост.
Да потсетиме, Белиот мост или мостот на љубовта е подигнат во 1844 година во Врање.
Легендата за белиот мост
Легендата вели дека мостот го изградила мајката на Турчинката Ајша во спомен на несреќната љубов на нејзината ќерка со српскиот овчар Стојан.
По раѓањето на ќерката Ајша, на Селим-бег пророчиците му прорекле дека ќе се заљуби во Србин. Иако таткото се обидел да го спречи пророштвото со затворање на својата ќерка, не успеал во тоа.
Кога ги нашол Стојан и Ајша прегрнати покрај реката, се обидел да го убие српскиот овчар. Меѓутоа, тој ја убил сопствената ќерка која со своето тело го заштитила младиот човек кој го сакала. После тоа и Стојан со нож си го одзел животот.
На местото каде што се одиграл настанот бил подигнат мост, а на мостот била поставена плоча (тарих), на која има натпис на турски и арапски јазик: „Проклет да е оној што ќе го растури тоа што љубовта ќе го состави“.