[ВИДЕО] „Урнебесно“ видео од Нови Сад: Новинарката мислела дека застанала брачен пар, па останала без текст

Точка

09/03/2025

12:39

2.530

Големина на фонт

а а а

Урнебесно видео од Нови Сад насмеа многу корисници на социјалните мрежи. Имено, новинарката запрела маж и жена за кои мислела дека се пар, а нивните одговори ја оставиле без зборови.

Најпрвин ја прашала госпоѓата дали е сè уште заљубена во него, на што таа одговорила: „Сум“. Новинарката потоа ја интересирало колку години се во брак.

„Ние не сме во брак“, одговорила жената, а новинарката со насмевка им порачала дека затоа и се вљубени.

„Ние сме кумови 70 години. Ја крстив сестра му, а сега сум негов старател“, објаснила госпоѓата.

„Тој господин ме изненадува секој ден“, продолжила таа. Новинарката потоа го прашала човекот што е тоа што го прави, а тој одговорил: „Не правам ништо“, а ова видео собра бројни коментари на социјалните мрежи.

„Водителката таман помисли дека разбрала, меѓутоа.“, „Толку многу работи се случија во ова видео што едноставно не можам да ги сфатам“, „Колку сум среќна што го видов ова денеска. Го изгледав видеото неколку пати и врескам од смеа. Што би рекле постарите: Господ да ве благослови“, беа само дел од коментарите.