[ВИДЕО] Пронајден брод кој исчезна пред повеќе од 130 години

Макфакс

11/03/2025

20:51

1.204

Големина на фонт

а а а

Остатоците од американскиот параброд „Вестерн Ризрв“, кој исчезна пред 132 години, се пронајдени во езерото Супириор, објавија денеска американските медиуми.

Овој параброд долг 300 стапки беше првиот што беше целосно направен од челик, а се скрши на половина во 1892 година за време на бура на езерото, пренесува „Си-би-ес њуз“.

Паробродот се сметал за еден од најбрзите и најбезбедните во своето време, но сепак потонал за време на бура, а само едно лице го преживеало бродоломот.

Според „ГЛСХС“, Дејвид Бојд го ​​направил првичното откритие кон крајот на летото 2024 година користејќи сонар за странично скенирање на „Марин Соник Технолоџи“.

„Секојаа руина има своја приказна, но некои се многу потрагични“, рече Брус Лин, извршен директор на историското друштво на Големите езера, додавајќи:

„Тешко е да се замисли дека Питер Минч ќе предвидел некаква неволја кога ги поканил својата сопруга, двете мали деца и снаата и нејзината ќерка на летното крстарење по езерата на бродот „Вестерн Ризрв“. Тоа само потврдува колку Големите езера можат да бидат опасни во секое време од годината.

Се проценува дека 200 или повеќе бродови потонале во заливот Вајтфиш.