Проклетството на серијата „Беверли Хилс“: Никој од главните актери не е среќен, Дилан ненадејно почина, а Бренда умира од рак

Точка

04/04/2024

15:30

4.807

Големина на фонт

а а а

Популарната серија „Beverly Hills, 90210“ ги одбележала 90-тите, но актерите од серијата ги следи трагична судбина.

Неодамна, 52-годишната актерка Шенон Доерти открила дека го продава својот имот со цел да го „олесни животот на нејзината мајка кога ќе почине“. Актерката која е позната по улогата на Бренда Волш долго време се бори со карциномот. Имено, 2015 година дознала дека ракот метастазирал. Ракот прво се проширил на нејзиниот мозок. А сега и на коските.


„Мој приоритет во моментов е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко ако умрам пред неа. Бидејќи ќе ѝ биде многу тешко, сакам да ѝ олеснам одредени работи. Не сакам после тоа да има куп работи со кои ќе се занимава. Не сакам да има четири складишта полни со мебел“, објаснила актерката и додала дека ги прегледува работите што ги поседува за да ги донира или продаде доколку нешто ѝ се случи.


Партнерот на актерката, Дилан Мекеј, кој во популарната серија бил портретиран од Лук Пери, кој ненадејно почина на 4 март 2019 година на 53 годишна возраст поради мозочен удар. Дилан често бил опишуван како „лошото момче од деведесеттите“, а со својот изглед ги освоил фановите на шоуто и со тоа станал нивната прва симпатија.


Во 2015 година, за време на рутинскиот преглед, Пери открил дека има пред-туморски израстоци на дебелото црево. Тогаш се согласил на операцијата која му го спасила животот, а подоцна ја истакнал важноста од превентивните прегледи.

„Моментално во Америка живеат 23 милиони луѓе кои требало да направат колоноскопија, но сè уште не направиле. И кои треба. Да посетев подоцна лекар, ќе се соочев со нешто полошо. А доколку порано направев испитувања, подобро ќе поминев“, зборувал своевремено Лук за „Daily Mail“.

По дијагнозата, актерот ги променил прехранбените навики, а се шпекулира дека токму нездравата исхрана му пресудила на популарниот актер.


Богатата наследничка Тори ја следат долгови: „Тешко е да се префрлиш од златна на пластична лажица“

Дона Мартин Силвер поради дислексијата често се мачела на училиште, а фразата „Дона Мартин дипломираше“, стана дел од поп културата. Имено, таа се соочила со потенцијална забрана за дипломирање поради кршење на училишните правила, но благодарение на поддршката од пријателите успеала да заврши средно училиште и да матурира.


Дона ја играла актерката Тори Спелинг (50), а многумина тогаш коментирале дека улогата во популарната серија ја добила поради нејзиниот татко, кој бил продуцент на серијата. За време на десетгодишното емитување на серијата, актерката успеала да си обезбеди удобен живот, но веднаш штом изгаснале камерите, започнале финансиските проблеми. За да се ослободи од долговите, во 2007 година таа го започнала реалното шоу „Tori & Dean: Inn Love“, па издала и неколку книги“, пишува „Page Six“.


Никогаш не умеела со финансиите, па своевремено во своите мемоари се пошегувала дека е тешко „кога ќе пораснеш на златна лажица да се префрлиш на пластична“. Минатата година се развела од сопругот Дин Мекдермот (56), а во тоа време со нивните 5 деца живеела во кампер, навел „Daily Mail“. Со сопругот Дин, со кого имала афера додека тој сè уште бил во брак со првата сопруга, влегле во огромни долгови кои продолжуваат до ден денес.

Тие во брак биле 18 години, а уште пред разводот сè шпекулирало дека Тори и Дин имаат проблеми и конфликти.


„Со голема тага и тешко срце по 18 години заедно и пет неверојатни деца, Тори и јас одлучивме да тргнеме по својот пат и да започнеме ново индивидуално патување“, напишал Дин на социјалните мрежи.

Тој на крајот на 2013 година признал дека ја изневерил сопругата, која потоа доживеала нервен слом. Како што изјавил, сопругата често викала на него и била нерасположена, поради што почнал да бара утеха кај другите жени, но зажалил. Подоцна се лекувал и во клиника за зависници од секс.


Тепачка со банда и пропаднати бракови го обележале синиот Стив

59-годишниот Иан Зиринг се прослави со улогата на Стив Сандерс во серијата „Beverly Hills, 90210“, а на Стара нова година се степал со моторџиска банда. Во автомобилот на актерот била и неговата десетгодишна ќерка Пена. Потоа било објавено видео на кое се гледа како Зиринг излегува од автомобилот и удира мотоциклист, а после тоа неколку луѓе се втурнуваат кон него, а еден од нив почнал да го напаѓа актерот со мотор.


Странските медиуми најпрвин јавиле дека автомобилот на актерот бил удрен и дека поради тоа тој почнал да ги напаѓа мотоциклистите. Неколку дена по настанот, „Page Six“ навел дека според новото видео се чини дека бандата не го нападнала актерот како што се верува, туку дека актерот излегол од автомобилот и го започнал нападот.

Освен тоа, актерот зад себе има два пропаднати брака и две деца. Од 1997 до 2007 година, тој бил во брак со актерката и поранешна Плејбој зајачица, Ники Шилер (53). Во 2019 година се развел и од втората сопруга Ерин, по 10 години брак. Со Ерин ги добил двете ќерки, Миа и Пена.


Бројните проблеми на актерите кои не успеале да го повторат успехот од серијата

Џејсон Пристли (54), кој го глумел братот на Бренда Волш, Брендон, во „Beverly Hills, 90210“, уште за време на серијата имал проблеми со алкохолот.


52-годишната Џени Гарт, која ја глумела Кели во серијата, имала здравствени проблеми кои долго време ги криела од јавноста. Подоцна било откриено дека боледува од остеоартритис. Исто така, таа поминала низ два разводи, а моментално е во третиот брак со Дејв Абрамс.


Брајан Остин Грин (50) го портретирал Дејвид Силвер во популарната серија, а во 2022 година открил дека бил врзан за кревет поради воспалителна болест на дебелото црево.


Моментално е верен со танчарката Шарна Баргес (38), со која има син, а претходно бил во брак со Меган Фокс со која има 3 сина и со која конечно се разделиле во 2019 година по неколку обиди за помирување.