[ВИДЕО] Здравко Чолиќ откри која своја песна ја смета за најдобра и зошто не ја пее на концерти: „По неа можеш само да си одиш дома“

Точка

04/06/2025

12:17

5.289

Големина на фонт

а а а

Здравко Чолиќ беше гостин во емисијата „Еден на еден“, и откри која од неговите песни ја смета за најдобра, а тоа е хитот „Sačuvaj me bože njene ljubavi“.

Чолиќ неодамна гостуваше во емисијата, а на ТикТок се споделуваат клипови и изјави од гостувањето. Едно од оние што привлече посебно внимание е она каде што тој кажува која своја песна ја смета за најдобра.

„Песната која не ја пеам, која е најдобрата песна, а ја напиша Ѓорѓе Балашевиќ. Слушнете ја песната „Sačuvaj me bože njene ljubavi“, одговорил Чола.


Потоа тој дополнително открил: „Ѓорѓе го напиша тоа за неговата сопруга, секој човек може да ја напише таа песна за својата жена. Не постои подобра песна што сум ја испеал“.

Веднаш потоа и признал зошто никогаш не ја пее на своите концерти, иако публиката ја обожава.

„Не ја пеам на концерти затоа што откако ќе ја испеете таа песна на концерт, после тоа можете едноставно да си одите дома и да спиете“, бил искрен легендарниот музичар.

Да потсетиме, во истата емисија, тој се осврнал и на своите ќерки Уна и Лара и нивното воспитување.

„Не сум премногу дисциплиниран, но сум кога треба. Постојано им го кажувам тоа на моите деца, знаете. Имам две ќерки кои се разгалени, се разбира. Па, и јас би бил разгален да бев на нивно место. Им праќаме, им даваме што им треба, но повторно, би очекувал повеќе од нив, знаете …“, заклучил тој за време на гостувањето на нашата телевизија.