Мајли Сајрус го шокираше светот: „Трошев огромни суми пари на дрога, го лажев мојот сметководител“

Точка

07/06/2025

17:39

852

Големина на фонт

а а а

Популарната пејачка Мајли Сајрус отворено проговори за своето минато, вклучувајќи ги и годините кога потрошила огромни пари на дрога, криејќи го тоа дури, како што рекла, и од сопствениот сметководител.

Во нова епизода од подкастот „Every Single Album“ за „The Ringer“, 32-годишната пејачка се осврна на менталната состојба во која била во текот на снимањето на своите албуми, вклучувајќи ги „Bangerz“ и „Endless Summer Vacation“. Таа особено се осврнала на експерименталниот албум од 2015 година, „Miley Cyrus & Her Dead Petz“, откривајќи дека тогаш трошела поголем дел од парите на дрога.

„Дрогата бешенајголемиот трошок. За да го скриеме тоа од сметководителот, го водевме како трошок за облека“, рекла Мајли.


Додала дека овие трошоци доаѓале за наплата во текот на турнеите, а нејзиниот сметководител на крајот почнал да поставува прашања.

„Секој пат кога ќе ме видеше, ме прашуваше: „Каде е таа оригинална маица на Џон Ленон од 15.000 долари што ја купи?“ А јас одговарав: „Горе е, ја чувам, ткаенината е многу чувствителна.“

Шегувајќи се, таа заклучила дека таа година „купила многу скапа облека“.

Осврнувајќи се на периодот кога го снимала тој албум, Мајли признала дека е среќна што го преживеала.

„Толку сум среќна што го преживеав тој период. Не би препорачала никому да оди толку далеку, но ми е мило што го преживеав и се извлеков.“

Инаку, пејачката отворено зборува за својата борба со зависноста со години. Уште во 2017 година, таа изјави за „Билборд“ дека се „трансформирала“ откако престанала да пуши марихуана.


„Не пушам три недели, што е најдолгиот период без неа. Не земам дрога, не пијам, целосно сум чиста. Само сакав да го направам тоа“, рекла таа во тоа време.

Но, таа признала дека повторно почнала да пие за време на пандемијата. Во интервју за „Ролинг стоун“ во 2021 година, таа рече: „Не сум користела дрога со години. Не се обидувам да ја предвидам иднината или да се преправам дека ништо не може да се случи. Но, искрено, нешто страшно би морало да се случи за повторно да посегнам по дрога.“

 Ги изнела своите ставови за мајчинството

Неодамна, таа отворено проговори за своите планови кога станува збор за децата, а нејзината изјава предизвика голем одзив кај обожавателите. Пејачката ги сподели своите размислувања за подемите и падовите во нејзиниот личен живот и ги изнела своите ставови за родителството во поткастот на „New York Times“, „The Interview“.

„Тоа е голема одговорност, многу одрекувања и енергија“


Јасно ставила до знаење дека во моментов нема планови за деца – и тоа од многу едноставна причина поради што наиде на разбирање и поддршка на социјалните мрежи. Зборувајќи за можноста да стане мајка, Мајли се присетила на разговорот со својот очув. „Тој ми рече: ’Зошто си единствената што нема свој бренд за шминка?“ Јас одговорив: ’Затоа што тоа не ме интересира.‘ А тој ми рече: ’Тоа е вистинскиот одговор.‘“

Мајли додала дека мајчинството го гледа на сличен начин. „И тоа ми имаше смисла. Немам своја линија шминка бидејќи не сум визуелен лик. Така се чувствувам кога станува збор за мајчинството. Никогаш не ме привлекувало премногу. Тоа е голема одговорност, многу жртва и енергија. Ако тоа не е твоја страст, навистина не знам како да ги преживеам бессоните ноќи и 18-те години низ кои помина мајка ми“, порачала таа.