Ромео Бекам (22), синот на Дејвид и Викторија Бекам, се појави на полуфиналниот натпревар на Ролан Гарос во Париз, само неколку дена откако беше потврдена неговата разделба од британската диџејка и манекенка Ким Тернбул.
Тој беше фотографиран на трибините за време на натпреварот помеѓу Италијанецот Лоренцо Мусети и Шпанецот Карлос Алкараз, а на многумина им се допадна неговиот аутфит – лежерна маица и сако. Неговиот избор на облека го смести меѓу најдобро облечените гости на овогодишниот Френч Опен, што беше забележано и од бројни странски модни портали.
Меѓутоа, корисниците на социјалните мрежи забележаа дека Ромео делувал замислен и малку тажен, а многумина коментираа дека тоа се должи на бурните настани во неговиот живот.
Гласини за семејни проблеми
Веста за неговото раскинување со Ким Тернбул доаѓа кратко по жестоката караница во семејството Бекам, во која се појавија гласини дека Бруклин Бекам и Никола Пелц ја пропуштиле забавата по повод 50-тиот роденден на Дејвид Бекам, делумно поради Тернбул.
Медиумите објавија дека браќата се скарале поради Ким, бидејќи Бруклин претходно излегувал со неа – но извор за „Пејџ Сикс“ изјавил дека тоа не е вистина. „Тоа е само изговор за караница“, рекол изворот, нарекувајќи ги гласините за браќата Бекам „глупости“. Извор близок до Бруклин и Пелц изјавил за „Пејџ Сикс“ дека двојката не знаела дека Ромео и Ким раскинале бидејќи со месеци не комуницирале со нив.
Ги воодушеви следбениците
Потсетуваме, Ромео неодамна објави низа фотографии на Инстаграм кои ги воодушевија неговите следбеници, а онаа на која не носеше маица привлече посебно внимание. Имено тој бил во сауна со неколку пријатели, а ги покажа своите извајани мускули и бројните тетоважи што го красат неговото тело.
„Боже мој, зошто постојат толку згодни мажи“, „Како татко ти да ти е близнак“, „Премногу си згоден“, „Син на легенда“, „Ти благодарам за овие фотографии“, „Уживаш во животот“, коментираа неговите следбеници.