[ВИДЕО] Сè повторно „запре“ поради нејзината жешка заднина: Таа испраќа порака – слободна сум и среќна

Точка

07/06/2025

13:53

1.655

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез успеа да ги „маѓепса“ сите со своето најново видео на социјалните мрежи и да засени со својот изглед и енергија.

Латино дивата настапи на „World Pride Music Festival“ во Вашингтон и по тој повод блесна во сребрен костим.

Не е тајна дека Џеј Ло внимателно го подготвува секој настап и со својата енергија ги воодушевува луѓето ширум светот. Сепак, како и обично, фокусот беше на нејзиниот костим, а и овој пат тој беше доста провокативен.


Како што истакна пејачката, се чувствува слободна и среќна и е подготвена целата енергија да ја сподели со публиката.

Можеби не е потребно да се нагласува дека нејзините облини го обиколија светот, а сребрениот костим стана вирален, додека пејачката изгледот го надополни со чизми со исти мотиви.

Исто така, знаеме дека Џенифер сака да испраќа моќни пораки со својот изглед, па затоа не е случајно што избрала сребрен костим, кој симболизира сила и слобода.


Инаку таа отсекогаш гордо истакнувала дека е сојузник на ЛГБТК+ заедницата, а тоа го покажа и со учеството на гореспоменатиот фестивал.

Освен Џеј Ло, ќе настапат и други познати имиња како Трој Сиван, Ким Петрас и РуПол.