За распадот на бракот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, кој траеше речиси десет години, прилично се зборуваше последниве месеци.
Деновиве се појавија фотографии од Бастијан и новата девојка, опишана од очевидци како „витка жена со руса коса“. Според Билд, девојката се вика Силва и потекнува од Бугарија.
Силва наводно е мајка на две деца и познато е, како што пишува Билд, дека не живее со својот сопруг, односно дека биле разделени.
— Ricardo Kaka (@rikardons) June 6, 2025
Бастијан и Силва се запознале на Мајорка, каде што нејзините деца одат во истото училиште како и децата на Бастијан и Ана, кои таму живееле во вилата која Ана ја купила за време на нејзината тениска кариера.
Бастијан се иселил од вилата одамна, но во исто време се зближил со Силва.
„И двајцата изгледаа расположени и заљубени, не ги тргнаа рацете еден од друг додека лежеа на пешкирите на песокот. Се гушкаа и се бакнуваа. Според нашите сознанија, оваа афера со сè уште мажена жена трае со месеци.“, изјавил извор за Билд.