Ова го означува крајот на една од најважните епохи во историјата на „Bugatti“ и автомобилската индустрија.
„Bugatti“ објави дека го заврши производниот циклус на „Chiron“ по осум години производство во фабриката во Молсхајм. Последниот примерок има „стандардна“ верзија на моторот „W16“ со 1.500 коњски сили, но тој е изменет во програмата на домашната услуга „Sur Measure“.
И за да се осигураме дека нема забуна, ова е последниот „обичен“ Chiron, па добро е да се знае дека во иднина ќе има уште W16 мотори. Овој примерок е довршен во комбинацијата „Nocturne/Copper“, односно црна боја со детали во бакарна нијанса.
Автомобилот ќе биде испорачан во Канада на шефот на тамошна нафтена компанија Билал Хидри, кој ја нарачал оваа копија уште во ноември 2021 година. Познато е и дека за тоа платил над три милиони долари. Не е лошо за „основните“ перформанси на моделот.
За потсетување, последниот стандарден „Chiron“ пристигна откако производството на „Chiron Super Sport 300+" и „Chiron Profile“ беше прекинато. Во производство се и „Chiron Pur Sport“, „Mistral“ и „Bolide“.