И покрај малите димензии, „N-One e: “ носи паметна технологија и вистинска практичност, што го прави идеален градски електричен автомобил за иднината.
„Хонда“ овој месец на „Фестивалот на брзината“ во Гудвуд го претстави прототипот на својот нов електричен модел „N-One e: “, а сега сериската верзија официјално дебитираше во Јапонија.
Иако е мал, овој симпатичен автомобил на четири тркала носи сериозни технолошки можности – вклучувајќи ја технологијата „V2L“ (Vehicle-to-Load), што значи дека автомобилот може да служи како извор на електрична енергија за домот, електричен велосипед или лаптоп.
Вистинска „кеи“ формула
„N-One e: “ спаѓа во категоријата „кеи“ автомобили, што значи дека мора да ги исполнува строгите прописи на јапонскиот закон, вклучувајќи ограничувања во димензиите и моќноста.
Поради тоа, нема проширени крила како што имаше прототипот прикажан во Гудвуд, но го задржува симпатичниот изглед, високиот покрив и малите тркала.
Иако „Honda“ сè уште не ги објави сите технички детали, се очекува автомобилот да има еден електромотор со 64 КС (47 kW) и да ја дели погонската технологија со веќе претставениот модел „N-Van e: “, кој има деклариран досег од 245 километри со едно полнење.
Батеријата се полни преку „DC“ полнач од 50 kW, што не е особено брзо, но доволно за да се наполни малата батерија за половина час.
Едноставна внатрешност со паметни детали
Кабината на „N-One e: “ изгледа едноставно, но не е спартанска. Има физички команди и ротациски потенциометар за звук, што е вистинско освежување во ерата на претераните екрани на допир.
Рачката на менувачот потсетува на онаа во европските и американските модели на „Хонда“, а десно се наоѓа и копче за активирање на „режимот на возење со една педала“.
Има и полица под централниот екран за одлагање на телефон покрај приклучокот за полнење (безжично полнење не е достапно).
Задните седишта се преклопуваат во сооднос 50:50 за максимална практичност.
Најинтересната опција: „V2L“
Функцијата „V2L“ им овозможува на сопствениците да ја користат батеријата на автомобилот како извор на енергија за домот или други уреди за време на прекин на електричната енергија.
За оваа опција е потребно да се купи адаптер од каталогот на дополнителна опрема на „Хонда“, кој вклучува и „LED“ индикатор за наполнетост на батеријата и декоративен комплет за каросеријата со „Shelby“ ленти.
Почеток на продажбата и планови
Продажбата на „Honda N-One e: “ во Јапонија започнува во септември, а во истиот месец се очекува и европскиот деби на саемот за автомобили „IAA“ во Минхен.
И покрај малите димензии, „N-One e: “ носи паметна технологија и вистинска практичност, што го прави идеален градски електричен автомобил за иднината – особено во земјите каде што функциите „V2L“ веќе се користат во секојдневието.