Автомобилот можеби е стар, можеби преку него поминал тенк или врз него паднало големо дрво, можеби е целосно згмечен и непрепознатлив, но е во возна состојба, колку и да е тоа нелегално.
Нова вирална снимка од светот на автомобилите, се чини, е направена некаде во САД, а прикажува целосно уништен „Lexus“ како вози по пат во непрепознатлива состојба. Автомобилот изгледа како да е прегазен од тенк или врз него паднал голем товар што речиси го преполовил. Станува збор за возило што доживеало „тотална штета“, подготвено за отпис, но сопственикот очигледно има други планови.
Што и да му се случило на овој „Lexus“, тоа не му го уништило погонот, а гледаме дека не го скршило ниту духот на неговиот возач – тој со такво возило без проблем тргнал на јавен пат.
„Ма, тоа е само гребаница“, „Ова лесно ќе се исполира“, „Малку ’WD-40‘, чекан и леплива лента, ќе биде како нов“ – се некои од забавните коментари на корисниците на „Facebook“, додека други, кои го изгледале видеото до крај, се прашуваат: „А каде му е кацигата на возачот?“.
Driving destroyed car down the motorway 🚙🤣When you car's written off but you can't be late for work 🚙🤣
Posted by UNILAD Tech on Wednesday 23 July 2025