Голема промена за речиси 1,4 милијарди вработени ширум светот: Еве какви се предвидувањата за наредните три години

Точка

21/08/2023

19:18

15.841

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата на пазарот за работа радикално се менува, а тие промени ќе ги почувствуваат бројни вработени.

Иако многу истражувања околу влијанието на вештачката интелигенција на иднината на пазарот за работа покажала прилични загрижувачки резултати, резултатите на едно од последните истражувања спроведено од „IBM“ покажува дека сепак не е сè толку сиво. Тоа што е сигурно е дека „AI“ значајно, веројатно и радикално ќе влијае на пазарот за работа и дека многумина ќе останат без работа, но сепак постои и друга страна на медалот која покажува малку поинаква слика.


Истражувачите од „IBM“ своето истражување го базирале на две постари истражувања – едно спроведено меѓу директорите на 3.000 компании од 28 земји, а друго спроведено меѓу 21.000 вработени од 22 држави. И тие истражувања го заклучуваат тоа што на сите им е јасно, а тоа е дека со вештачката интелигенција работите повеќе никогаш нема да бидат исти. Но, тоа не значи дека работите ќе бидат полоши, токму спротивното.

Имено, речиси 90 проценти од испрашаните директори веруваат дека компаниите нема да ја имплементираат вештачката интелигенција за да ги заменат луѓето, туку за да се подобрат нивните способности, односно за да бидат попродуктивни и поделотворни. За тоа да се постигне, односно за луѓето да бидат попродуктивни и да не добијат откази, потребна е една важна работа – стекнување на вештини. Од „IBM“ така веруваат дека во следните 3 години дури 40 проценти од вработените (според „ZDNet“, во глобални рамки зборуваме за речиси 1,4 милијарди луѓе) ќе мора да ги променат своите вештини, односно да научат нови, првенствено вештини поврзани со вештачка интелигенција.


Како најважен заклучок од истражувањето од „IBM“ го издвојуваат: „AI“ нема да ги замени луѓето, но затоа луѓето кои користат вештачка интелигенција ќе ги заменат оние кои не ја користат. Истата работа веќе некое време ја повторуваат бројни експерти кои вработените ги поттикнуваат на едукација за подготвени да го дочекаат времето во кое нивните компании уште поголем акцент ќе стават на вештачката интелигенција и нејзината имплементација во секојдневните работни процеси. Алатките како „ChatGPT“ се толку напредни што на вработените им дозволуваат да работат повеќе, со помалку знаење. Најважното знаење, односно вештина, во иднина ќе биде користење на вештачката интелигенција и АИ алатите кои ќе им овозможат да бидат конкурентни на пазарот за работа.

Што се однесува до самите вештини на вработените, повеќе во прв план не е „STEM“, туку вештини како управување со луѓе, способност за ефикасна работа во тимско окружување, ефикасна комуникација, подготвеност за промени и друго.