Дегустатор на кралската храна и озборувач: 4 неверојатно морничави професии од минатото, денес непотребни и чудни!

Точка

19/05/2023

21:56

6.562

Големина на фонт

а а а

Професиите од минатото во денешно време се незамисливи и ужасно чудни, додека во тоа време ги извршувале пониските слоеви од општеството. И покрај тоа што на прв поглед изгледале лесни, овие работни позиции биле многу опасни.

Дегустатор

Замислете дека кралот богато ве плаќа за да пробате секаква егзотична храна и пијалоци. Сепак, како и сите добри работи, така и оваа доаѓала со услов. Задачата на дегустаторот не била само да ги проверува зачините и солта во храната. Покрај тоа, тој морал да проба и потврди дали храната е безбедна за јадење или не. Обично само некој што бил на висока позиција или пак под закана од атентат, би ангажирал дегустатор на храна. Доколку на дегустаторот му се слошило после дегустацијата, се сметало дека храната не била за кралот. Меѓутоа, во повеќето случаи, отровите кои имале бавно дејство се мешале со храната, покажувајќи го своето дејство откако ќе се внесе истата. Затоа, подготвувањето и сервирањето храна честопати било дел од описот на нивната работа. Еден од многуте случаи на намерно труење се случил кај римскиот Клавдиј и покрај мерките на претпазливост што ги презел неговиот дегустатор Халотус. Многу подоцна, кралицата Маурија, Дудара, починала откако пробала од храната за нејзиниот сопруг. Сепак, историјата сведочи за смртта на повеќе дегустатори на храна отколку кралеви.



 „Човечки брич“ - скубачи на влакна

За разлика од денес, најпопуларната рекреативна активност на луѓето во антично време бил спортот. Сите, млади или стари, се занимавале со некоја спортска активност. Бидејќи биле физички активни и по неколку часа, тие биле свесни за способноста на телото да ги задржува непријатните миризби, особено кај мажите. Затоа, тие имале вработено човек, кој имал улога на „брич“ и чија единствена задача била да ги кубе влакната од пазувите на мажите. Замислете да имате работа која бара многу внимание и прецизност (чупањето веѓи никогаш не било лесен подвиг), а притоа да сте соочени со непријатниот мирис кој доаѓа од пазувите на испотените мажи. Скубачите на пазуви биле професионалци со стотици часови резервирани во нивните профили. Оваа работа била особено честа кај Римјаните. Иако се охрабрувало скубењето на влакна од пазувите, кубењето влакна од било кој друг дел на телото било со презир гледано, особено кај мажите. Можеби затоа во историјата имало само скубачи на на пазувите, а не на било каков друг вид на професионални скубачи.

Озборувачи

Тешко е да се поверува дека озборувачите всушност биле „професионалци“ чија работа била да ги озборуваат своите соседи. Доколку ова била единствената нивна работна обврска, да водат евиденции за другите луѓе, тие би се квалификувале како шпиони на нивното време. Но тоа не било така едноставно. Бидејќи биле плаќани за озборувањето, бројот на лаги помешани со вистината бил незамислив. Дури и „тетките трачарки“ изгледале чесно во споредба со нив. Тие биле платени и да ја создадат информацијата, не само да ја „рашират“ наоколу. Поради ова, тие биле најлошите предавници во општеството и честопати биле презирани затоа што не бирале начин, ниту пак степен до кој можат да одат со нивните лаги за да заработат повеќе пари.




Весталки – свештенички девици

Во 216 година п.н.е Ханибал ги поразил Римјаните. Бидејќи биле суеверни, Римјаните ја препишувале својата несреќа во неможноста да им угодат на своите богови. Верувале дека целата трагедија што следела по нивниот пораз се должела на тоа што нивните Вестали не биле девици. По ова сознание, едната од двете девици си го одзела животот, додека другата била жива заѕидана во близина на капијата Колин. Римјаните ја почитувале својата божица Веста, божицата на домот и семејството.


Весталите биле нејзини свештенички, а нивна работа била да го одржуваат запален огнот во храмот на божицата, единствените свештенички во антички Рим. Кога и доколку огнот во храмот на Веста престанал да гори, Римјаните верувале дека во нивниот град ќе настане хаос. Тоа се случило по нивниот пораз од Ханибал, за што изрекле жестока казна. Весталните девојки требало да бидат девици. Откако биле избрани, тие морале да се заречат и посветат на 30 години невиност. Немале избор. Во случај некоја весталка да не може да го одржи својот завет, следела болна и мачна смрт. Сепак, имало и неколку предности да се биде весталка. Овие девојки имале предност пред другите жени во однос на правата, привилегиите и моќта.


.