Популарниот магазин „Тајм аут“ (Time Out) ја прогласи елката во Краков, која го краси тамошниот историски пазар, за „најлегендарна“ на светот. Поставена уште на 6 декември, овогодинешната елка е украсена со дури 26.000 штедливи светилки кои ги менуваат боите и со повеќе од 1.000 топчиња испечатени со реплики на традиционални таписерии.
Четврта година по ред, сезонските украси на Краков се инспирирани од оние јагелонски таписерии, ремек-дела од 16. век кои го красат ентериерот на култниот градски замок Вавел. Животинските мотиви како што се камили, жирафи и елени, но и рајски птици, најголемите ѕвезди од култените таписерии, може да се купат и во форма на маски на локалните штандови.
Второто место го зазеде елката од Губи во Италија, каде на падините на планината Ингино беа поставени светилки во форма на новогодишна елка, додека на третото место се најде елката од Рокфелер центарот во Њујорк. Во исто време, тука се одржува познатиот божиќен пазар во Краков, кој минатата година беше прогласен за најдобар во Европа, а на почетокот на оваа година, магазинот „Тајм аут“ го оцени и краковскиот кварт Заблоцие како еден од „најкул во светот“.
#Krakow #święta #RynekGłówny #choinka #światełka 🎄 💡Na krakowskim Rynku już prawie wszystko gotowe na święta! Choinka rozświetlona!
— Kraków (@krakow_pl) December 6, 2024
Dobrej nocy i do zobaczenia przy świątecznym drzewku!
📸 @BSKrakow @krakow_pl @IMGW_CMM @IMGWmeteo @MeteoprognozaPL @krakow_pl pic.twitter.com/6IB0EfDusW
„Краков во текот на целиот декември зрачи со божиќниот дух, а помага и тоа што градските улици и архитектура изгледаат како позадина на божиќна честитка“, истакнале во магазинот „Тајм аут“, притоа мислејќи на стариот дел од градот, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО.
„Секоја година централниот плоштад е окупиран од шармантен свечен пазар, чија круна е елката што се наоѓа веднаш до катедралата“, додаваат тие во објаснувањето зошто полската елка „седна“ на тронот.
Повеќегодишната инвестиција во туризмот во Краков вроди со плод и минатата година, кога овој град беше прогласен за најпопуларна туристичка дестинација во Полска, бидејќи во текот на годината привлече дури 12 милиони посетители. А нови туристи не недостигаат ниту овој декември, па не е чудно што нивната елка, која повторно го украсија со големо внимание и креативност е прогласена за најубава.