Исплашен златен ретривер стана вирален на "TikTok" поради неговата реакција на божиќната декорација.
Корисничката на "TikTok" Амбер Бертер неодамна на својот профил на "TikTok" објави видео од нејзиниот златен ретривер Арчи, кој бил толку преплашен што се замрзнал на своето место и почнал да се тресе. Кога корисникот ја сврте камерата за да се види од што толку се плаши Арчи, на ѕидот можевме да видиме украс од хартија во форма на воз.
„Го направив тој украс, го закачив на ѕидот и целосно го заборавив“, изјави Бертер за "Newsweek". „Кога забележав дека Арчи се тресе, се исплашив. Го прегледав и отидов да го барам она што толку многу го вознемири. Тогаш ми текна– возот!“
„Веднаш го симнав украсот и му го покажав. После тоа се смири“, додала таа.
Снимката на Бертер собра повеќе од милион прегледи и 121 илјада лајкови. Некои од гледачите во коментарите се пошегуваа дека Арчи не е најдоброто куче чувар, додека друг дел го критикуваа сопственикот што веднаш не ја отстранил декорацијата.
@homeboundadventures Our Polar Express train had Archie spiraling. 🤣 This dog and the things hes afraid of are hysterical! -THE TRAIN NO LONGER EXISTS AND THE DOG IS FINE! I took the train down as soon as this video was over! All is well! #funnydog #funnydogvideos #funnypets #dogsoftiktok #dogtok ♬ original sound - Amber | HomeboundAdventures