[ВИДЕО] Жена снимила прекрасен момент помеѓу куче и нејзиниот син, видеото топи срца

Точка

20/12/2024

13:36

1.238

Големина на фонт

а а а

Стефани Сау, корисничка на "TikTok" која живее во Мелбурн со својот сопруг и петмесечниот син, сподели видео од нејзиниот син и семејното куче на крајот на ноември, кое брзо стана вирално на социјалната мрежа.

Сау минатиот месец му купила нова играчка на синот, но немала поим дека тој и златниот ретривер Џет ќе почнат да играат заедно. Во виралното видео, можеме да ги видиме Џет и малото дете како лежат заедно и гледаат во блескавиот пластичен рак. Видеото собра повеќе од 1,3 милиони прегледи и 133 илјади лајкови.

„Го објавив ова видео затоа што мислев дека е слатко како Џет легна покрај бебето“, рече Сау.

Сопственичката на златниот ретривер за "Newsweek" открила дека Џет има две години и успешно се адаптирал на новиот член во семејството, но повремено е љубоморен бидејќи не е постојано во центарот на вниманието.


Сепак, Џет го обожава својот нов пријател и е прв во редот кога треба да се утеши.

„Секогаш кога малиот плаче, Џет веднаш му ги носи играчките за да го расположи. Тој е толку слатко и учтиво куче“, гордо истакнала сопственичката.