Популарната актерка верува дека канцерот на матката го добила само поради една причина: „Тоа не е случајно, се чувствував како да ме скршија на милион делови...“

Точка

10/05/2022

11:44

9.171

Големина на фонт

а а а

Актерката Френ Дрешер, која во 90-те години ја обожававме во серијата „Тhe Nanny“, има теорија за тоа поради што се разболела, па посакала истата да ја сподели со светот.

Американската филмска и телевизиска актерка Френ Дрешер (64) е позната како жена која не ја трга насмевката од своето лице, иако животот ѝ задал тешки удари.

Еден од најголемите предизвици со кои Френ се соочила е дијагнозата на канцер на матката која ја добила во 2000-та година. Таа веднаш започнала со радикална хистеректомија поради тоа што две години имала здравствени проблеми како последица на погрешни дијагнози.


За сето тоа актерката пишувала во својата книга „Cancer Schmancer“, за како што вели, да им помогне на жените да се изборат со раните симптоми на канцер и доволно да бидат храбри да се борат за своето здравје и живот.

Френ истакнува дека е сигурна дека канцерот се појавил како последица на траумите кои ги доживеала во текот на минатото и кои во тој момент сè уште правилно не ги процесирала.

„Како жртва на силување, доживеав трауми и со години не сакав да сфатам на кој начин тоа влијаеше емоционално на мене, некако само продолжив со својот живот“, објаснила Френ за „Page Six“, на промоцијата на својата нова книга „N is for The Nanny“.


„Мислам дека знаете, не е случајност што се соочив со тоа што сум силувана и што завршив со гинеколошки канцер“, вели актерката, па додава:

„Американците се вртат во круг од токсична изложеност, хронични болести и зависност од лекови“.

Како што објаснила таа, многу е важно да истражите што го ослабнува сечиј имун систем и да дознаете поради што вашето тело реагира на хроничните болести.

Да ве потсетиме, Френ во 1985 година била нападната во својот дом. Тогаш двајца мажи влегле во нејзиниот стан, го врзале нејзиниот сопруг и со закана со оружје ја силувале неа и нејзината пријателка.


„Вратите беа заклучени, но ги разбија. Не направивме ништо погрешно. Во тој момент единствено што ви е важно е да преживеете“, изјавил во една прилика сопругот на актерката кој во меѓувреме се декларираше како геј и се разведе од Френ, но сепак останале блиски пријатели.

„Тоа е навистина тешко. Се чувствував како да ме скршија на милион делови“, раскажала Френ неколку години подоцна.

„На раб сте и воопшто не сте вие. Константно повторно низ мислите ви шета прашањето: Што доколку го направев ова? Можеби не би се случело тоа доколку не појдев дома таа ноќ, требаше да одиме на вечера, требаше да не одиме право дома, бла, бла, бла...“, признала актерката.


„Знаете, сите одевме на психотерапија затоа што ни требаше „алат“ да се соочиме и да се вратиме на тој ист момент на хорор, да го доведеме умот во состојба: И, потоа тие си заминаа, а ние преживеавме, тие се уапсени и сега се во затвор, а ние сме добро“, вели актерката.

Актерката и претходно ја констатирала својата теорија дека траумата поради силувањето довела до дијагнозата – канцер.

„Поради тоа што не обрнував внимание на тоа каде сум ранлива, мојата болка по силувањето ја задржав во мојата матка. Никој околу мене немаше канцер. Ова беше грубо трезнење“, заклучила актерката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг