Овој видеоспот излезе вчеравечер, а за само 6 часа од објавата беше прегледан речиси 7 милиони пати

Точка

20/04/2024

20:41

15.881

Големина на фонт

а а а

Тејлор Свифт вчера го објави својот нов албум „The Tortured Poets Department“, а исто така го објави и спотот за песната „Fortnight“, првиот сингл од нејзиниот нов албум кој во рок од 6 часа од објавувањето е погледнат речиси 7 милиони пати.

Во спотот Тејлор и Пост Малоун, кој гостува на синглот, глумат поранешни љубовници кои, според текстот на песната имале афера која траела само 14 дена. Итан Хок и Џош Чарлс, кои глумеа во „Dead Poets Society“, исто така се појавуваат во изненадувачки улоги како пар научници кои спроведуваат тестови на Свифт, а видеото завршува со шпица која потсетува на нем филм.

„Кога го пишував спотот, сакав да ви ги покажам световите кои ги видов во мојата глава, а кои послужија како позадина за создавање на оваа музика. Речиси сè во него е метафора или референца на некој агол од албумот“, напиша Свифт на социјалните мрежи.

„За мене ова видео се покажа како совршена визуелна претстава за овој албум и приказните што ги раскажувам во него. Пост Малоун ме воодушеви на сетот како наш измачен трагичен херој и многу сум му благодарна за сè што вложи во оваа соработка“, додаде таа.

Таен двоен албум

За потсетување, во петокот излезе новиот, 11-ти албум на Тејлор Свифт насловен „The Tortured Poets Department“. Песните се појавија на стриминг сервисите точно на полноќ по американско време, односно во 6 часот по средноевропско време.

Албумот содржи 16 песни (и уште 4 бонус песни, по една на четири ексклузивни винилни изданија), вклучувајќи ги и соработките со Пост Малоун и „Florence and the Machine“. Со Тејлор на песните работеле Арон Деснер од „The National“ и нејзиниот долгогодишен соработник Џек Антоноф.

Само два часа по објавувањето на првиот дел, Свифт го објави и вториот „таен“ дел од албумот, кој содржи уште 15 песни и го нарече „TTPD: The Anthology“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг