Џенифер Анистон го продуцира римејкот на популарната комедија од 1980 година

Точка

25/04/2024

13:30

2.946

Големина на фонт

а а а

Џенифер Анистон работи на римејк на познатата комедија „9 до 5“, која ја режираше Колин Хигинс во 1980 година, пишува „Variety“.

Анистон ќе го продуцира филмот со нејзината партнерка во продукциската куќа „Echo Films“, Кристин Хан. Филмот ќе го дистрибуира студиото „20th Century“.

Сценариото за филмот моментално го пишува Диабло Коди, кој се прослави со филмовите „Juno“ и „Jennifer's Body“. Оваа година Коди работеше на сценариото за хорор-комедијата Лиза Франкенштајн.

Оригиналниот филм следел тројца колеги од канцеларија кои решиле да му се одмаздат на својот егоистичен и сексистички шеф. Главните улоги во филмот ги толкуваа Џејн Фонда, Лили Томлин, Доли Партон и Дабни Колман. Комедијата беше огромен хит и заработи повеќе од 100 милиони долари, што доведе до истоимената хумористична серија која се емитуваше од 1982 до 1983 година.

Доли Партон ја напиша песната „9 до 5“ за филмот, а подоцна работеше на музиката за истоимениот мјузикл номиниран за наградата Тони.

Анистон ги продуцираше филмовите и сериите „The Morning Show, Murder Mystery и Friends: The Reunion“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг