[ФОТО] Пластични хирурзи откриваат: Зошто сè повеќе славни личности во Холивуд изгледаат како „зомби“?

Точка

25/04/2024

08:37

8.709

Големина на фонт

а а а

Среде огромната популарност на користење на лек за дијабетес со цел слабеење, хирурзите веруваат дека Холивуд доживува пораст на несаканиот ефект познат како „Оземпик лице“ (Ozempic face).

Неколку лекари тврдат за „Daily Mail“ дека познатите личности од Џон Гудман до Шерон Озборн се меѓу оние „најтешко погодени од ваквата состојба“. Некои несакани ефекти од употребата на Оземпик вклучуваат „пропаднати“ очи, слаби образи и опуштена кожа, што ги прави луѓето кои го користат лекот да изгледаат како зомби.

„‘Оземпик лице’ во суштина се состои од истите карактеристики што ги гледаме кога пациентите брзо или редовно губат тежина“, вели д-р Смита Раманадам, пластичен хирург од Њу Џерси за „Daily Mail“.

„Гледаме губење на волуменот на лицето, а кога губиме маснотии на лицето, гледаме знаци како послаби образи, поопуштена кожа и општо издлабување на цртите на лицето“.


Третманот со инјектирање го имитира природниот хормон кој му кажува на мозокот дека е сит, со што се намалува апетитот и се поттикнува брзо губење на тежината. Разбирливо е дека способностите на Оземпик во борбата против вишокот килограми станаа популарни во Холивуд кај ѕвездите опседнати со изгледот, земајќи ја предвид брзината на резултатите.


Откако прегледале повеќе фотографии од познати личности кои доживеале голема трансформација, група хирурзи шпекулираат дека најмалку половина страдаат од овие несакани ефекти.

Хирурзите го анализирале случајот на актерот Џон Гудман кој изгуби речиси 100 килограми - тој негираше дека земал Оземпик и губењето на тежината го припишал на диета, вежбање и откажување од пијалаци.


На списокот се најде и пејачот Роби Вилијамс (50), кој минатата есен призна дека земал „нешто како Оземпик“ без да го прецизира третманот.

„Оземпик лицето“ е помалку изразено кај жените, велат хирурзите, бидејќи традиционално почесто ги прикриваат недостатоците со филери и шминка. Сепак, тие ја посочиле Шерон Озборн, која наводно ослабела 20 килограми користејќи го лекот, а нејзиниот пример е еден од најочигледните.


Други познати личности за кои лекарите се сомневаат дека го користеле овој лек се Џесика Симпсон, Скот Дисик и Лиам Пејн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг