Човекот кој наместил натпревар со резултат 134:0, поради наредба на Тито никој не се конфронтирал со него: Аркан го чувал, заедно пустошеле по казината – Животната филмска приказна на Велибор Џаровски Џаро

Точка

25/04/2024

20:46

6.314

Големина на фонт

а а а

Тажна вест утринава го потресе регионот бидејќи домашните медиуми јавија дека Велибор Џаровски – Џаро почина на 75-годишна возраст.

Овој човек наместил повеќе од 80 натпревари во поранешна Југославија, а урбаните легенди за овој харизматичен измамник и денес се раскажуваат.

Популарниот Џаро беше апсолутен крал на фудбалските местенки и естрадните „марифети“ од ерата на стара Југославија.


Џаровски бил менаџер на најголемите естрадни ѕвезди во 80-тите. Ги застапувал Здравко Чолиќ, „Бјело Дугме“, Мишо Ковач, Тереза Кесовија и многу други. Благодарение на таа работа запознал многу влијателни луѓе, директори на сали, судии …

Тој бил првиот човек кој го организирал концертот на Здравко Чолиќ во „Маракана“ во 1978 година, присуствувале 70.000 луѓе, а само неколку часа пред концертот наместил неколку натпревари.

Меѓутоа, секогаш нагласувал дека најголемиот успех во неговата кариера не биле познатите клиенти, туку резултатите кои ги постигнал со „Слога Југомагнат“.


„За мене најголеми успеси не се Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, „Бјело Дугме“, Тереза Кесовија, Бора Чорба, Оливер Мандиќ, Кемал Монтено, Мики Јевремовиќ, „Индекси“ и „Леб и сол“, чиј менаџер бев, туку фудбалскиот клуб „Слога Југомагнат“ во првата македонска лига. Освоивме три титули по ред, благодарение на мене“, зборувал тој во едно интервју.

Првиот меч кој го наместил бил помеѓу „Југококта“ и „Тиквеш“, платил 500.000 денари за да се одигра онака како што тој си замислил. Верувале или не, успеал да договори извесен нисколигашки натпревар во Македонија да заврши со резултат 134:0. Тоа бил натпреварот Лескоец-Велгошти, кој се одиграл далечната 1971 година. Џаро морал да направи толкав резултат бидејќи се плашел конкуренцијата да не направи уште поголем.

Поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија, Славко Шајбер, го обвинил дека е „црното зло“ на југословенскиот фудбал. Бил обвинет дека наместил 22 натпревари, а самиот тој низ поранешната земја се фалел дека наместил повеќе од 80.


„Згрешија, наместив 23 натпревари. Меѓутоа, кога дојде до анализа на натпреварот Хајдук-Слобода во Сплит, а резултатот беше 1:1, тогаш обвинителот рече – „после ова треба да излеземе на брегот“. Тоа значело, нема потреба од оптоварување со Хајдук. Го имаме Џаровски и онака со веќе 22 наместени натпревари.“

Му се заканувале со затворска казна од 15 години. Го ослободиле по 90 дена.

Џаровски своевремено ја открил својата „тактика“

„Во секој клуб имате играчи кои се коцкари, им требаат пари за куќа, сакаат нов автомобил или имаат љубовница која треба да ја издржуваат. Нормално дека на стадионите, каде што правев концерти, запознавав и играчи. Се „плеткав“ и со управата на клубовите. Влегував во соблекувалната на судијата и му велев: ’Не вади картони, денес играат два пријателски клуба‘. И сè беше јасно“.

За овој харизматичен скопјанец наводно и Јосип Броз Тито своевремено рекол:

„Него оставете го на мир! Тој тоа го прави на симпатичен начин.“


„Постои разлика помеѓу местење и лажирање. Местење е кога во тоа учествуваат двата клуба, а лажирање е кога едниот ќе направи црвен картон, другиот пенал, голманот ќе го пушти голот, или ќе падне автогол … И во двата случаи најважна е црната торба и парите“, зборувал Џаро.

Меѓутоа, работите не секогаш се одвивале толку лесно. Кога крадел поени за Вардар, два пати пукале на него, во Прибој на Лима и во Тузла.

„Таму крадев поени. Среќа ме промашија, морав да внимавам. Всушност, најмногу се плашев од кодошите.“

„Местев и европски клупски и репрезентативни натпревари. И еден натпревар на македонската репрезентација. Република Ирска требаше да биде исфрлена. Италијанскиот судија свиреше два пенали за Македонија“, во интервју за „Политика“ открил Џаро.


Да немал сериозна политичка заднина, никогаш толку лежерно не би можел да ги прави сите тие криминали

„Секако дека имав политички грб, и тоа широк, инаку уште ќе бев во затвор. Еден од моите заштитници беше Стане Доланц, тогашниот шеф на тајната и јавна полиција на Југославија, човекот кој сакаше да го наследи Тито. Заштита ми пружаше и сопственикот на клубот кој беше првак на скратената Југославија, пред Ѕвезда и Партизан (веројатно се мисли на Жељко Ражнатовиќ). Заедно летувавме и се коцкавме по казината. Уште еден мој заштитник и денес е крал на Свети Стефан“, мистичен своевремено бил Џаровски.


Џаро, исто така, во една прилика открил дека играјќи покер по европските казина прокоцкал околу 3 милиони евра.

На новинарското прашање која е најголемата сума на пари која некогаш ја имал во себе, Џаровски одговорил: „Не можам да прецизирам, но знам дека по европските казина, играјќи покер и блек џек, според моја слободна процена изгубив 5.000.000 марки. Што е уште полошо, имав и свое казино и едвај чекав да го затворам и да одам да си ја пробам среќата во Грција, Германија или Австрија.

Ја измамил и сопствената мајка


Џаро започнал со „ситни“ измами, кога својата фамилија ја навел да помисли дека неговата мајка освоила „Фичо“. „Имаше наградна игра … ’Филтер Југославија‘ беа најпродаваните цигари во Југославија. Мојата мајка ги пушеше нив, внатре се доделуваше ’Застава 750‘ (популарното „Фичо“) и јас напишав: ’Вие сте добитник на ’Застава 750″и го ставив ливчето во кутијата од цигарите на мојата мајка. По два часа видов дека во дворот се радуваат, веќе планираат каде ќе биде гаражата, па рекоа: ’Автомобилот ќе го даваме само на сестра ти, никако на тебе – ти си луд‘. Целата измама ја смислив во сабота, како не би можеле да проверат дали навистина е добитничка. Кога ме открија во понеделникот, тие дојдоа и ме прашаа дали тоа е мое масло, а јас им реков: ’Секако дека е мое, чие би било? А вие мислевте само на сестра ми да давате да вози, а јас не? Така?‘“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг