[ФОТО] Милица Џаровска со емотивна објава се прости од својот татко: „Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол“

Точка

25/04/2024

14:05

4.122

Големина на фонт

а а а

Денеска на 75-годишна возраст, по кратко боледување почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија.

Зад себе ги остави сопругата Виолета, внуците Лара и Лука, но и единствената ќерка Милица, позната естрадна новинарка, која минатата година ја издаде книгата „Живот на коцка” посветена на својот татко.

Веста за неговото испраќање ја објави неговата ќерка Милица, која се прости со него со зборовите:

- Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. „Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол“.

Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. Не ти кажав, ама ти знаеше дека...

Posted by Milica Dzarovska on Thursday, April 25, 2024

Џаро низ годините соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто за кое што и самиот отворено зборуваше и никогаш не го криеше од јавноста.

Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи. Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Познатиот Џаро остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што и самиот признаваше, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.

Лани Милица Џаровска ја изаде книгата „Живот на коцка“ посветена на животот на нејзиниот татко.

За него напиша: Животот на Велибор Џаровски-Џаро беше патување, песна, игра и љубов. Но, играта што ја играше не беше секогаш лесна. Бурниот и немирен темперамент, остриот ум и специфичниот карактер постојано го соочува со најразлични перипетии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг