Познатата актерка (52) признала дека носи пелени за возрасни: „Јадев контаминирана салата и го добив овој вирус, застрашувачки е“

Точка

25/04/2024

15:40

7.954

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Кристина Еплгејт во разговор со нејзината колешка Џејми – Лин Сиглер, во нивниот поткаст „MeSsy“ изјавила дека се заразила преку контаминирана салата, по што ѝ бил дијагностициран саповирус. Таа опишала како се чувствувала и открила повеќе детали за нејзината здравствена битка.

Холивудската ѕвезда во 2021 година објавила дека ѝ е дијагностицирана мултиплекс склероза.

„Бев толку болна, не можев да јадам, не можев ништо да правам“, изјавила актерката Кристина Еплгејт, која почувствувала вртоглавица откако јадела салата што ја купила во ресторан кој инаку го посетува веќе 15 години. Оброкот за носење во нејзиниот случај се покажал како голема грешка. Таа се разбудила во три часот по полноќ и се чувствувала многу лошо.


„Тоа е кога ќе внесете туѓи фекални материи преку храна. Туѓ фецес ми влезе во устата и јас го изедов тоа“, порачала актерката и продолжила: „Не знаев дека тоа ќе се случи, а кога имаш мултиплекс склероза и во три часот наутро се обидуваш да ја промениш постелнината, не е воопшто забавно. Но, ова ме доведува до мојата следна точка, за која можеме да разговараме – носам пелени.“

Нејзината колешка додала: „Кристина и јас разговаравме за ова. Ставањето пелена за возрасни нема да направи да се чувствувате секси. Никогаш нема да ја ставите и изговорите: ’Подготвена сум за мојот ден.‘ Тоа е нешто што мора да го носите, бидејќи вашето тело не функционира како што треба“.


Кристина Еплгејт, која добила огромна поддршка кога се појавила на сцената на овогодишното доделување на „Еми“ наградите, исто така, раскажала и како се заразила со корона вирус преку близок пријател кој „ја испуштил топката и заминал во куглана и подоцна се вратил дома со истите работи“. Нејзината состојба се развила во долг ковид и инфекција на градниот кош што предизвикало забрзана работа на срцето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг