Работиме по 16 часа дневно, нашата работа е многу тешка … кога ќе заврши, одвај стоиме на нозе

Точка

04/05/2022

13:16

20.366

Големина на фонт

а а а

Долги работни денови, недостиг на сон, исцрпеност … Сето тоа се работи со кои перформерите во индустријата за возрасни секојдневно се среќаваат. Девојките тврдат дека животот им е тоа како тежок …

Ако сте мислеле дека нашата работа е лесна, многу грешите, гласи заедничката порака која порно актерките им ја кажале на новинарите на британски „Daily Star“.

Долги работни денови, недостиг на сон, исцрпеност … Сето тоа се работи со кои актерите во порноиндустријата секојдневно се соочуваат.


„Кога ја започнав кариерата во време на пандемијата, три месеци минав на пат и во снимања. Секој ден на сет минував по барем осум часа, а потоа имав обврски на социјалните мрежи. Ако е сцената тешка, тогаш на сетот бевме и по 18 часа дневно. Плус ми се потребни околу десет часа неделно за да ги монтирам сите снимки ако не работам со некоја куќа. Би рекла дека просечниот работен ден ми трае 12 часа, а ако сум среќна, тогаш тоа е околу осум часа“, вели госпоѓица Блејк Блосом.

Слична приказна има наградуваната Рајли Рид.

„Во оваа индустрија често можете да се чувствувате сосема изгубено и тажно. Деновите се долги, а поради работата сме стигматизирани па тешко е да се пронајде љубовен партнер. Некои сакаат да бидат со вас само затоа што сте порно ѕвезда, други мислат дека ќе ме „спасат“ од оваа работа. Тоа многу е нервира. Добро заработувам и ова што го работам е мој избор. Не мора никој да ме спасува“, наведува Рајли.


Освен долгите работни денови и тешкото пронаоѓање на партнер, работата е и физички тешка.

„Позите знаат да бидат многу непријатни. Тоа остава последици на вас. Понекогаш добивате партнер кој се мачи и не знае што точно прави, па процесот е многу подолг и потежок. Верувајте ми, таа работа е многу потешка од тоа што луѓето мислат“, вели Бритни Амбер, која пред влегувањето во порно-водите работела во еден бордел, а пред тоа била келнерка …


Освен самото снимање, напредокот на технологијата и ширењето на социјалните мрежи, нивната работа дополнително се проширила …

„Некогаш воопшто немам сила да комуницирам со пријателите колку сум уморна. По снимањето ве чекаат обврски на социјалните мрежи, морам да одговарам на многу мејлови и сето тоа остава трага. Кога сме на сет, ние сме актерки. Не знам дали тоа луѓето го сфаќаат, но тоа е глума. И на крајот од денот кога доаѓате дома само сакате да облечете пижами, да пуштите филм или да прочитате книга“, вели госпоѓицата Дани Даниелс.


А не е лесно ни со фановите. Посебно кога ви приоѓаат во јавноста.

„Тоа ми се случи неколку пати. Доаѓаат момчиња и ми велат дека ги обожуваат моите филмови. Но секогаш вас некој ве гледа, некој ве препознава … Не е тоа многу пријатно искуство“, вели на крај младата и наградувана Вана Бардот.