[ФОТО] Турција: Автохтоните Ван-мачки уживаат во климатизирани простории и базени

Точка

07/08/2025

20:34

694

Големина на фонт

а а а

Ван-мачките уживаат во климатизирани простории и базени, додека нивната исхрана и целокупната грижа за нив се спроведуваат со посебно внимание во Центарот за истражување и заштита на Ван-мачките при универзитетот „Yuzuncu Yil“ во градот Ван, источна Турција.

Овие мачки, познати по нивното снежно-бело крзно и хетерохромни очи (едното сино, другото килибарно), се сметаат за симбол на регионот и продолжуваат да предизвикуваат воодушевување ширум целата земја.



Вработените во центарот наведуваат дека, покрај современите услови за живот, посебно внимание се посветува на здравствената заштита, хигиената и програмите за размножување со цел да се зачува чистотата на оваа автентична турска раса.



Низ целиот свет, Ван-мачките се познати по нивната различна боја на очите, уникатниот карактер, свиленкасто меко бело крзно и „лавовски“ од. Ван-мачката е симбол на истоимениот град, кој се наоѓа на брегот на големо езеро со исто име.





Тие можат да се категоризираат врз основа на бојата на очите и крзното. Кај еден дел од нив, едното око може да биде со различна боја од другото (едното е сино, а другото килибарно), додека другите имаат сини очи, односно килибарни.





Некои мачки имаат целосно бело крзно, додека други имаат траги од кафеава боја на ушите, главата или други делови од телото.