[ФОТО] Тој е инженер (61), игра фудбал, среќно е оженет, татко на три деца – но, носи само здолништа и потпетици: Поради неговиот впечатлив стил бил вовлечен и во политички манипулации

Точка

07/08/2025

15:06

1.166

Големина на фонт

а а а

„Инспирација ми е Меган Маркл, тоа е моментално мојот стил на облекување. На идеја за молив здолниште дојдов гледајќи го нејзиниот лик во американската драма „Suits“. Отсекогаш ми се допаѓало како се облекувала. Носеше молив здолништа и бели блузи. Помислив: „Па, можам и јас тоа да го направам со машка кошула и сè уште да ја задржам машкоста“. Мислам дека облеката треба да биде понеутрална во однос на родот“, вели Марк Брајан (61), инженер по роботика од Тексас, САД, кој со семејството живее и работи во Германија.

Дури се појавил и на Неделата на модата во Париз минатата година. Го нарекоа модна ѕвезда, а по пистата прошета во црно-бела јакна испрскана со боја, со соодветни чизми до колена.


„Бев во Париз минатиот викенд само еден ден, за да присуствувам на ревијата во петок вечер за време на париската Недела на модата! Запознав многу нови пријатели, а исто така сретнав и некои стари пријатели. Повторно добив шанса да поминам неколку минути разговарајќи со самиот човек, Кристијан Лубутин“, се пофалил тогаш на Инстаграм.


„Не сум геј“

За себе вели дека е сосема обичен маж кој сака да носи здолништа. Од појавувањето во јавноста до денес, вели, кај него не се сменило многу, освен бројот на здолништа и високи потпетици во плакарот.


Иако некои мислат дека е хомосексуалец, тој тоа го негира. Среќно е оженет, има три деца, а сопругата го сака таков каков што е и му е голема поддршка. Дури му помага и при изборот на модни комбинации. Неговиот стил е навистина уникатен – од половината нагоре изгледа како вистински маж, а од половината надолу е како многу женствена жена со малку посилни, добро обликувани нозе.

„На децата им објаснив дека мојот стил на облекување нема никаква врска со сексуалната ориентација и дека не сум геј. Ќерката ми е една од најверните обожавателки која со нетрпение чека да позајми мои чевли“, раскажал тој.

„Тој е нормален тип“

Се сеќава дека почувствувал големо олеснување кога пред четири години конечно „излегол од плакарот“ и почнал без срам да носи она што секогаш го сакал да носи – здолништа и високи потпетици.


„Толку многу се ослободив од предрасуди што на работа одам во такви комбинации“, раскажал Марк, кој стана инспирација за многумина, мотивирајќи ги да бидат она што се.

Станал голема сензација, а само на Инстаграм го следат повеќе од 650.000 луѓе. И додека голем дел го поддржува, има и такви кои му упатуваат по некој навредлив коментар. Дури во еден момент станал мета на политички манипулации кога некои страни се обидоа да го прикажат како висок офицер во американската војска и член на НАТО командата, што тој не е. Освен што е роден во САД, нема други врски со Владата на Америка.

Колегите на работа го прифатиле сосема нормално, дури велат дека Марк е нормален тип кој се однесува како маж и води машки разговори.

Марк обожава да вози „Порше“, тренира американски фудбал и смета дека облеката нема пол.


„Отсекогаш ми се допаѓале чевлите со висока потпетица. Започна кога бев на колеџ пред четириесет години. Имав цимерка која беше посебен тип девојка, висока колку мене, но сепак сакаше да носи потпетици од 10 сантиметри, па секогаш беше повисока од мене“, се присетил.

„Мојата тогашна девојка ме поттикна да ги пробам нејзините потпетици и од тогаш ги носам постојано. Ги носев со фармерки, но пораснав во прилично мал град во западен Тексас, па не одев баш во кантри вестерн бар со високи потпетици“, продолжил.


„Пред четири години во мојата гардероба додадов и здолништа. Мојата главна порака е дека не се чувствувам поинаку ниту кога носам здолниште, ниту кога носам панталони. За мене тоа е само парче облека и моден стил. Тоа нема никаква врска со сексуалноста или нешто слично. Својот стил го нарекувам хибриден бидејќи е наполовина машки, а наполовина женски, како електричен набој“, раскажува.

Објаснил и зошто преферира здолништа, а не фустани.


„Пробав да носам фустани, но од некоја причина едноставно не ми прилегаа. Рамениците и деколтето никогаш не изгледаа како што треба, а ракавите секогаш беа прекратки“, признал.

„Здолништата ми овозможуваат подобро комбинирање на облеката и ме прават помажествен над половината, а родово неутрален подолу. Во обични машки панталони немам многу можности за разновидност“, објаснил тој и додал дека во своите модни комбинации се чувствува одлично, пренесува crfashionbook.com.