[ВИДЕО] Померанец со големо срце: Милениче тешко помалку од три килограми бестрашно се спротивстави на мечка

Точка

08/08/2025

20:38

940

Големина на фонт

а а а

Една црна мечка се соочила со непријатно изненадување кога влегла во куќа во Ванкувер, Канада и наишла на неочекуван противник – храбар померанец тежок помалку од три килограми.

Домашна безбедносна камера го снимила неверојатниот момент кога млада црна мечка влегла низ отворена врата во дневната соба, љубопитно разгледала наоколу и го помирисала каучот, непосредно пред да се соочи со заштитнички настроеното милениче.

Откако се приближила до чинијата со храна на Скаут, малиот померанец истрчал од споредна просторија, залајал кон мечката и ја избркал. Неговата сопственичка, Кајла Клајн, тргнала по него, викајќи му да се врати, но следниот кадар прикажува како мечката бега по скалите во градината, а Скаут сè уште ја следи, постојано лаејќи.

„Втрчав во дворот, а тој веќе ја избрка преку оградата. Мечката беше од другата страна, а Скаут сè уште лаеше кон неа“, изјави гордата сопственичка за Глобал њуз.

Можеби, како што рече, се налутил затоа што мечката му го изела појадокот.

„Бев изненадена, но може да биде страшен кога ќе се налути, па можам да го замислам како оди со полна брзина кон мечката“, додаде Клајн.


Таа истакна дека мечките повремено минуваат низ областа, но дека досега никогаш не се случило една да влезе во куќата. Таа исто така рече дека во иднина веројатно ќе ја држи вратата затворена, но дека сè уште го има Скаут да ја заштити неа и нејзиното семејство.

„Тој има неверојатен карактер… Бев толку горда на него, беше толку храбар“, додаде сопственичката на Скаут.