Канаваро откри зошто му одржал лекција на Пепе и додаде: Излегов во право за Рамос!

Дерби

06/10/2021

13:26

2.252

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Фабио Канаваро го напушти Гвангжу и си замина од Кина откако отворено призна дека веќе не може да издржи да биде толку далеку од семејството, особено не во Ковид ситуацијата која прави навистина ретко да ги гледа своите најблиски.

Незаборавниот дефанзивец веќе неколку години е во тренерските води и сега негова цел е да си најде работа на стариот континент, но пред да побара интересен проект, направи една анализа за случувањата во европскиот фудбал во ексклузивното интервју за „АС“.

„Златната топка“ од 2006-та година не крие дека во иднина би сакал да го води Реал Мадрид како тренер, клуб во кој играше како професионален фудбалер во деновите кога важеше за најдобар дефанзивец во светот.

Во тоа време, Канаваро во соблекувалната се сретна со многу талентирани играчи, но и перспективни стопери кои подоцна се претворија во вистински лидери на „кралскиот клуб“. Рамос и Пепе долги години беа незаменлив двоец во срцето на одбраната на Реал, а овој вториот пред извесно време откри каква лекција добил од Канаваро во своите први денови во „кралскиот клуб“.

– Одевме со авион кон Австрија и се случи Канаваро да седне на седиштето пред мене. Видов дека чита некој магазин и кога видов дека заврши, собрав храброст и го прашав: Канаваро, може ли да го добијам магазинот? Тој се сврте и ми порача: Канаваро? Моето име е Фабио и само се сврте. Не знаев што да му возвратам, можеби беа само секунди, но за мене беше цела вечност, – изјави Пепе во месец јануари, а сега Канаваро одговори.

– Пепе ми се обраќаше со „вие“ и ме викаше Канаваро. Вистина, еднаш бев крајно сериозен и му порачав: Слушни ме, се викам Фабио. Марсело седеше крај мене и се прсна од смеа. Сите тие беа многу млади во тоа време, но се чувствуваше дека се одбрани да имаат успех. Јас Рамос секогаш го споредував со Малдини и на крај испадна дека сум во право. Ми беше навистина многу жал што си замина од Реал Мадрид изминатово лето, – вели Фабио.