Провалена најмрачната страна на најпосетуваниот порно сајт: 33 жени ја тужат компанијата која го поседува Порнхаб поради објавени приватни видеа

Точка

30/07/2021

19:12

24.350

Големина на фонт

а а а

Двајца британски новинари истражувале кој е вистинскиот сопственик на најпознатиот бесплатен сајт со порнографска содржина, Порнхаб. Тоа е место каде можете да најдете секаков вид на порнографија и има 3 милијарди посетители месечно. Меѓутоа, постои и мрачна страна на овој сајт.

Една новинарка за вестите на Фокс Њуз во декември 2020 година рекла дека тоа не е сајт со порно содржина туку со криминал. Си Би Ес минатиот месец пренесе дека нова тужителка обвинува една компанија која стои зад една од најпознатите порнографски страни поради криминал.

Секој ден, содржината е како половина од понудите на Нетфликс се објавува на сајтот. Тоа вклучува и видеа каде лицето е сексуално злоставувано, малолетничка порнографија, како и одмаздувачка порнографија.


"Сакам да им испратам порака повторно искажувајќи колку всушност години имав во видеото кое беше објавено на нивниот сајт, а тие ми велеа "ок" докажи дека си ти", рекла една од девојките чие видео без нејзино одобрение било објавено на сајтот.

"Мајнд Гик е толку моќна компанија и се прави во тајност", рекол новинарка на Тортоа Медија која се занимава со овој случај.

Според истражувањето на порталот, Бернард Бергмаер е поглавниот сопственик на компанијата која го поседува Порнхаб како и многу други порнографски сајтови и студија.

Меѓутоа, минатиот декември доколку го гуглавте неговото име ќе наидевте само на 3 резултати.

Помислата дека го поседувате деветтиот најпосетуван сајт на светот, а никој да не го знае вашето име, звучи неверојатно.

Новинарите кои истражувале, Алексиј Мострус и Џавија Гринвуд одлучиле да му влезат во траг.

Се што треба да направите за објавите видео на Порнхаб е валидна мејл адреса и секој кој ќе посака може да објави снимка. Толку многу содржина има на оваа страна што се смета дека е еднаква на половината од Нетфликс.

"Мислам дека е важно да биде јасно дека на интернет има многу порно содржини кои се одобрени да бидат таму каде што се, а тоа не беше нашиот фокус, нашиот фокус е илегалната содржина која вклучува снимки кои не се дозволени да бидат објавени на страната од лицето кое е во видеото. Тоа се снимки кои содржат сексуално насилство и силување", објаснува Џавија.

"Ако одите на Порнхаб и кажете дека не сте дале согласност за тоа видео или дека сте малолетни, овој сајт со месеци ќе го чува видеото на таа мрежа", рекол тој.


"Морам да кажам дека јавното понижување кое го доживеав е најлошата работа низ која поминав, не знам како тоа се рашири толку брзо. Видеото се прошири на сите порнографски сајтови", рекла една од жртвите.

"Бернард Бергмаер е главниот сопственик на компанијата Мајнд Гик", рекол Гринвуд алудирајќи на тоа дека Бергмаер е на чело на компанија која е обвинета дека профитира од злоставување на жени и од тие причини сакале да му влезат во траг.

Тие немале никакви информации за него, но успеале да стигнат до неговата локација која била Њујорк.

Се зборува дека еден глумец објавил фотографии од некој кој се претставува како Бернард Бергмаер и дека со него постојано се појавува гламурозна жена под името Присила.

"Таа е бразилски модел, сака мода и креации од Шанел, носи накит од Диор и патува со приватни авиони, а најинтересното е што таа живее во Лондон", рекол новинарот.


Новинарите стигнале во многу богат кварт во Лондон и пред куќата чекале со недели за да го пречекаат Бергмаер. Штом го здогледале му пришле и му поставиле прашања за жртвите на Порнхаб кои сакаат да ги слушнат неговите одговори за видеата кои биле објавени. Одговор не добиле.

Сепак, голема работа е завршена со тоа што го пронашле човекот и тоа што околу 33 и повеќе жени поднеле тужби против Мајнд Гик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг