Убавина преку вежбање: Подготвени ли сте за гимнастика за лицето?

Fashionel.mk

06/04/2021

15:50

1.280

Големина на фонт

а а а

Како што на мускулите на телото им е потребна вежба за да бидат затегнати, така и оние на лицето изискуваат соодветно движење за кожата да го зачува својот тонус и еластичност.

Со едноставни вежби, може да се ослободите од брчките, да ги затегнете јаболкниците и контурите на лицето, па и да го намалите ефектот на старење. Гимнастиката на лицето има безброј позитивни својства, ако сте упорни, истрајни и редовни.

Во продолжение, погледнете неколку вежби кои може да ги правите неколку пати во денот, а кои го подобруваат изгледот на кожата.