[ФОТО] Парк на чудовишта во близина на Рим: Место изградено за да ги шокира посетителите

Точка

22/03/2025

19:42

2.459

Големина на фонт

а а а

Паркот на чудовиштата во шумата во малото гратче Бомарзо е навистина парк полн со чудовишта направени од камен. Станува збор за комплекс од огромни камени споменици создадени во текот на 16 век. Во шумската долина под замокот Орсини, среде природата живеат гротескни скулптури и мали градби. Така, таму може да се пронајде голем воен слон кој лови војник, монструозна глава од риба, џин кој се обидува да преполови друг и слично.

Најстрашна од сите секако е огромната глава со преплашен израз на лицето која изгледа како да вреска. Станува збор за богот Орк, римскиот бог на подземјето, на чијашто горна усна пишува „Целиот разум исчезнува“.



Овој парк бил изграден во 1552 година од страна на принцот Пјер Франческо Орсини, познат како Вичино, и пред сè е одраз на неговото страдање. Тој не бил дизајниран да привлекува туристи со својата убавина, туку да шокира. Имено Висино го загубил својот најдобар пријател во трауматична војна, во која долго време бил заробен.




После тоа му се случила уште една голема трагедија. Набргу откако се вратил од војната, починала неговата сакана сопруга Џулија Фарнезе. Нејзе ѝ го посветил Храмот на вечноста во паркот.


За дизајнирање на неговиот план, Виснио го ангажирал архитектот Пиро Лигорио, почитуваниот архитект и уметник, кој претходно ја завршил катедралата Свети Петар во Рим по смртта на Микеланџело.



Салвадор Дали го посетил паркот и бил маѓепсан од него. Тој бил толку инспириран што таму дури снимил и краток филм, а камените чудовишта инспирирале една од неговите познати слики, „Искушението на Свети Антониј“ од 1946 година.


На околу 2 часа возење од Рим, овој парк вреди да се посети доколу се најдете во тој дел на Италија, а попатно можете да ги истражите шармантните градови Бомарцо и Витербо.