[ФОТО] „Најевтиниот град во светот“ – Пивото чини 1,4 евра, а температурите во март изнесуваат 28 степени Целзиусови

Точка

18/03/2025

16:16

4.274

Големина на фонт

а а а

Хои Ан е крајбрежен град покрај Јужното Кинеско Море во Виетнам, кој неодамна стана исклучително популарен меѓу туристите. Некогаш пристаништен град, сега е туристичка дестинација со прекрасни плажи и пријатни температури кои во март достигнуваат околу 28 степени Целзиусови.

Доколку го посетите Хои Ан, можете да го истражите неговиот стар градски центар, кој е заштитен и е на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Можете да уживате во тесните кривулести улички украсени со шарени лампиони, традиционални градби и бројни продавници за сувенири.



Една од посебните карактеристики на Хои Ан се бројните кројачки продавници – таму можете да набавите облека по нарачка по многу пристапни цени.



Исто така, тука е и одличната локална гастрономија, а особено популарни се као лау – тестенините со свинско месо и зеленчук, виетнамскиот сендвич „banh mi“, но и топчињата од бел ориз наречени „banh bao vas“.


Некои сметаат дека причината за зголемениот интерес за Хои Ан лежи во фактот што минатата година тој беше прогласен за најевтин град во светот за патници, во традиционалното истражување на британската пошта наречено „World Holiday Costs Barometer“.


За да дојде до овие податоци, британската пошта споредила осум популарни нешта на кои нивните туристи обично трошат пари додека се на одмор: оброк од три јадења за двајца, шолја кафе, шише локално пиво, лименка кола, чаша вино, шише негазирана вода, крем за сончање и средство против инсекти.


Се покажало дека цените во Хои Ан се исклучително прифатливи, а во некои сегменти значително поевтини отколку во другите земји. Половина литар пиво во овој виетнамски град чини само 1,16 британски фунти или околу 1,38 евра, а кремот за сончање чини 4,40 евра.