Пролетта пристигна, а вие сè уште ја барате совршената гардероба? Нема потреба да талкате низ продавниците во градот бидејќи можете да најдете се што ви треба во само три чекори.
Чекор 1: Удобноста на прво место
Првиот чекор е да пронајдете облека што ќе ви биде пријатна за носење доколку се подготвувате за прошетка, краток опуштен викенд или посета во природа, а притоа ви треба нешто удобно и модерно. Дуксерите, лесните широки маици и тренерките се парчиња во кои секогаш ќе се чувствувате удобно. Дополнителен плус се капите, кои моментално се во тренд.
Чекор 2: Што да облечете за работа и специјални прилики?
Што да облечете за на работа и во оние прилики кога сакате да изгледате поелегантно е главното прашање. Внимавајте при изборот на материјали бидејќи е пролет. Ленот и вискозата прават да се чувствувате удобно додека изгледате беспрекорно од утро до вечер.
Исто така, имајте на ум дека минималистичкиот дизајн ги олеснува комбинациите, па со само неколку клучни парчиња можете да креирате различни комбинации.
Чекор 3: Детали кои менуваат сè
Без вистинскиот додаток, ниту една комбинација не е комплетна. Накитот може да ја разубави и наједноставната комбинација и да ѝ даде посебна доза на елеганција. Ѓердан, впечатлив прстен или суптилна нараквица … сè зависи од вашиот стил, но едно е сигурно, вистинското парче накит секогаш остава посебен впечаток.
Оваа сезона изберете златни тонови во комбинација со зелена, сина, бакарна или виолетова со впечатливи детали.