Господинот Дејвид Латимер, сакал малку да експериментира, па затоа на Велигден, 1960-та година, засадил билка во големо овално стаклено шише, кое потоа го затворил. Последен допир со надворешниот свет, билката имала пред 47 години.
Малку е да се каже дека природата е чудо.
Кога Дејвид Латимер, на Велигден 1960-та година засадил семе во големо овално стаклено шише, заради чиста љубопитност - го интересирало дали растението ќе може да се развива без да биде во контакт со надворешниот свет – во ниту еден момент не помислил, дека за повеќе од половина век неговото растение ќе биде таму каде што е сега, и дека ќе биде толку многу бујно.
Не знаеме моментално што се случува (односно дали господинот Латимер е сè уште меѓу нас или пак доколку не е, дали неговото растение е во сигурните раце на неговите деца, како што тој сакал), но до пред неколку години, билката сè уште била жива и не постоел ни најмал знак дека таа ќе престане да расте.
Сето ова започнало кога овој господин во шишето ставил мешавина од земја и ѓубриво, потоа внимателно ги засадил семињата и истурил околу половина литар вода. Го затворил шишето и го сместил во осветлен агол во куќата, дозволувајќи и на фотосинтезата да прави магија. После тоа само уште еднаш го залил растението во 1972-та година, кога за последен пат го извадил чепот од шишето и пуштил свеж воздух да влезе внатре во шишето. Тоа бил неговиот последен допир со надворешниот свет.
Токму заради тоа, растението создало свој сопствен екосистем и опстанал во него. Еве што се случува: со фотосинтезата дибива енергија, апсорбирајќи ја сончевата светлина, само произведува кислород и ја генерира влажноста, додека пак старите листови кои паѓаат во земјата, ја ѓубрат и произведуваат јаглерод-диоксид, кој е неопходен за споменатата фотосинтеза.
Неверојатно е колку значи малку сончева светлина и сигурно и незагадено опкружување: растението слободно може да се развива во микро-верзија во земјата која е сместена во стакленото шише.