(ФОТО) „Мојот сопруг е 50 центиметри повисок од мене, а сите го поставуваат истото непристојно прашање“: Се вртат да ги погледнат на улица, а вака функционираат кога се сами

Точка

15/01/2025

18:01

1.203

Големина на фонт

а а а

Додека Габи е висока 155 см, нејзиниот сопруг достигнува импресивна висина од 208 см.

Габи и нејзиниот сопруг, двајцата на возраст од триесет години од Јута, привлекуваат внимание на социјалните мрежи поради нивната необична висинска разлика.


Сите се вртат да ги погледнат на улица

Додека Габи е висока 155 сантиметри, нејзиниот сопруг достигнува импресивни 208 сантиметри, што значи дека меѓу нив има 53 сантиметри разлика. Оваа необична висинска разлика не ги спречи да изградат среќна и стабилна врска, која секојдневно ги забавува нивните следбеници.


Парот, кој има три деца, често на хумористичен начин ги коментира нивните различни перспективи. Во едно од нивните вирални видеа на "TikTok", Габи покажа како изгледа нејзиниот погледн на светот кога го гледа својот сопруг – и обратно.


Во коментарите често се наметнува едно прашање – како функционира нивниот брак во интимна смисла, што тие одбија да го коментираат.

Со забавните коментари од следбениците кои ги споредуваат со „двојка од две различни поштенски зони“, нивната врска стана уште попривлечна и попријатна.


Љубовта започнала во тинејџерските денови

Нивната љубовна приказна започнала кога и двајцата имале 16 години. Денес, како родители на три деца, а пред неполн месец им се придружи најмалото девојче, често споделуваат забавни семејни моменти со своите следбеници.