[ВИДЕО] Ресторан мора да плати отштета од 2,7 милиони евра – Не ја предупредил клиентката дека сосот е жежок

Точка

20/01/2025

21:24

979

Големина на фонт

а а а

Генезис Монита, 19-годишна девојка од Сан Антонио, го тужела американскиот ланец на ресторани Бил Милер во 2023 година, откако истурила сос на нозете и се здобила со изгореници од втор степен. Таа ги обвини поради тоа што сосот „ѝ испаднал од рака бидејќи бил премногу жежок“ како и дека вработените во ресторанот „не ја предупредиле за неговата температура“.

Исто така во тужбата таа навела дека сосот бил 12 степени потопол отколку што треба да биде. Наведено е и дека Монита претрпела не само физичка, туку и психичка болка и дека изгубила дел од платата за време на боледувањето и плаќањето на медицинските трошоци. Адвокатот на ресторанот рече дека температурата на сосот била иста како и секогаш – околу 73 степени.


„Кај Бил Милер сосот секогаш е лут и тоа го знаат сите клиенти. Поради тоа тој е секогаш жежок. За што требаше да ја предупредиме Монита, што таа веќе не го знаела? изјави адвокатот Бери Мекленахан.


Таа доби отштета

Меѓутоа, пред неколку денови судот пресуди во корист на Монита.

„Fox 4 News“ објави дека шестчлената порота заклучила дека ресторанот бил „небрежен“ и дека тоа го предизвикало инцидентот. Синџирот ресторани мора да плати отштета од огромни 2,8 милиони долари (околу 2,7 милиони евра) – 900.000 долари за ментална и физичка болка, повеќе од 25.000 долари за медицински трошоци и 1,9 милиони долари за казнена отштета.

„Задоволни сме од пресудата. Генезис само сакаше да ја добие правдата“, рече нејзиниот адвокат.