Решена вечната мистерија: Зошто крем бананите немаат вкус на вистински банани?

Точка

18/01/2025

20:29

1.520

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале зошто слатките со вкус на банана, како што се крем-бананите, не го имаат вистинскиот вкус на ова овошје?

Иако треба барем да потсетуваат, вкусот на бананата во слатките всушност многу се разликува од оној на свежата банана.

Причината за ова лежи во фактот што вкусот на бананата во слатките се базира на сорта банана која била популарна пред денешната доминантна сорта „Кевендиш“ да го заземе пазарот.

Имено, пред оваа сорта да стане најраспространета, постоел еден вид „Гро Мишел“.

Оваа банана имала многу побогат и поинтензивен вкус од денешните банани, што е многу сличен на вештачкиот вкус што го поврзуваме со слатките денес.

Меѓутоа, гро мишелот речиси целосно исчезнал поради габична болест која ги уништила насадите, а кевендиш станал главен избор поради неговата отпорност на болести.

Клучната разлика помеѓу двете сорти е тоа што кевендиш се генетски идентични – сите банани се клонови и имаат ист, релативно благ вкус.


Од друга страна, гро мишел имал многу побогат вкус бидејќи содржел поголема концентрација на изоамил-ацетат, компонентата одговорна за препознатливиот вкус на слатките.

Кога производителите на слатки почнале да создаваат производи со вкус на банана, тие ја користеле токму оваа супстанца, изоамил ацетат, за да ја реплицираат.


Затоа вкусот на бананите во модерните слатки потсетува на она што биле бананите пред повеќе од 75 години, додека денешното овошје го нема истиот интензивен и препознатлив вкус.