[ФОТО] Чудо на природата: Цветот кој станува проѕирен кога ќе наврне

Точка

16/01/2025

21:18

702

Големина на фонт

а а а

Чудесниот цвет кој потекнува од планинските региони на Јапонија, Кина и Апалачките планини носи необично име (цвет - костур), а има и прекари како: порцелански или стаклен цвет. Познато и како „Diphylleia grayi“, цветот – костур е навистина невообичаено растение чиишто бели цветови стануваат проѕирни кога ќе наврнат.

Инспирација за вљубениците на природата како и за фотографите на дождливото време ова цвеќе ги покажува своите супермоќи. Цвеќето цути на почетокот од летото, а го красат нежни, бели цветови окружени со бујни зелени лисја.


Омилено во Јапонија

Цветот – костур зазема значајно место во азиската историја и култура. Неговата убавина и уникатната трансформација често ја симболизираат рамнотежата помеѓу животот и смртта. Во Јапонија, цвеќето е важен дел од традиционалните практики како што се икебана и ханами, каде што ја одразува почитта кон минливата убавина на природата. Неговата сличност со јапонската филозофија „mono no aware“ или прифаќањето на фактот дека убавината е минлива и восхитот кој произлегува од неа, го прави атрактивен мотив за љубителите на традиционалната јапонска уметност на тетовирање.



Во Кореја и Кина ова цвеќе се користи во ритуали кои симболизираат чистота и минливост. Современите ботанички студии ги ценат неговите уникатни својства, обезбедувајќи увид во физиологијата и адаптацијата на растенијата, што го прави важен предмет на истражување за научниците и студентите.


Честа тетоважа

Во Азија, овој невообичаен цвет е популарен мотив во уметноста на тетовирањето, се разбира поради неговата симболика и убавина. Промената на цветот од непроѕирен во проѕирен симболизира отфрлање на старите идентитети и откривање на сопственото вистинско јас.

Каде расте?

Цветот – костур најдобро расте во градини со сенка и шумски области. Потребна е делумна до целосна сенка бидејќи директното сонце може да ги оштети неговите нежни ливчиња.


Богата, глинеста и добро дренирана почва со постојана влага е од суштинско значење за неговиот раст. За успешно одгледување на ова растение важни се заштитата од пладневното сонце и одржувањето на влажна почва.