Пред две недели, во подземниот премин на Теразије осамна графитот наречен „Ballon girl“ (Девојче со балон) на Бенкси, популарниот уметник од Бристол. Иако на оригиналниот графит покрај девојчето стои црвен балон, овој пат покрај неа има крвава рака – симболот на актуелните протести ширум Србија.
На 1 јануари, во галеријата „Поп ап“ (Дечанска бр. 8) беше отворена изложбата на уметнички дела на едниот од најмистериозните и највлијателните уметници на модерната ера, Бенкси. Отприлика во исто време во Белград се појави неговиот познат графит, но во „модифицирана“ верзија.
Во разговор со локалните работници во подземниот премин, нова.рс дозна дека графитот во таа верзија стои на ѕидот уште од првиот ден, што значи дека крвавата рака не била подоцна додадена.
Меѓутоа не е познато дали графитот е дело на Бенкси или некој вљубеник во неговото дело го „адаптирал“ овој графит на актуелните студентски блокади, чиј заштитен знак е крвавата рака – симбол на корупцијата на режимот.
Бенкси е еден од најпознатите уметници во светот, но и покрај глобалната слава, неговиот идентитет, барем официјално, останува непознат.
Маскираниот уметник, со неговите честопати политички „обоени“ дела и постојаната критика на општеството, денес поседува култен статус.
Love is in the bin: the beginning.Last night marked the marked the anniversary of the live public shredding of Banksy's Balloon Girl at a Sotheby's contemporary art sale in London!
On this day in 2018, the world awoke and found social media ablaze with the news of Banksy's latest public stunt, which featured the remotely triggered shredding of an original artwork, only moments after it had been sold for just over one million pounds.
🎥 @InsideEdition
Posted by The Art of Banksy Exhibition on Thursday, October 6, 2022
Интересно е и тоа што во 2018 година тој го организира уништувањето во живо на споменатото дело „Ballon girl“. Во аукциската куќа „Sotheby“ само неколку минути откако „Ballon girl“ беше продадена за милион фунти, уметникот реши да ja уништи и да го претвори чинот на уништување во ново уметничко дело наречено „Love is in the Bin“ (Љубовта е во канта). Уништената слика во 2021 година беше продадена за над 18 милиони фунти.