Рајан Хамонс, четиригодишно момче, почна да тврди дека е реинкарнација на холивудска славна личност.
Приказната за момчето по име Рајан Хамонс, кое тврди дека е реинкарнација на холивудска славна личност и дека се сеќава на детали од својот минат живот, го обиколи светот и шокираше многумина во научните кругови.
Имено, кога имал само четири години, видел фотографија од актерот Џорџ Рафт со својот колега и веднаш вперил прст кон тој колега, извикнувајќи: „Тоа сум јас!“ Од тој момент, малиот Рајан почнал да се присетува на уште повеќе детали.
Се сетил дека живеел во голема бела куќа со базен, дека бил холивудска ѕвезда, патувал низ светот и многу повеќе. Неговата мајка, на почетокот, не придавала големо значење на неговите приказни, мислејќи дека сето тоа е плод на детска фантазија и дека со тек на време ќе престане. Но кога Рајан ја споменал неговата поврзаност со актерката Рита Хејворт, изнесувајќи прецизни детали од нејзиниот живот кои навистина биле точни, таа се изненадила и решила да побара помош.
„Фотографијата од сцена на филмот Night After Night, снимен во 1932 година, промени сè. Еден ден само ми рече: ‘Мамо, морам нешто да ти кажам’,“ изјавила мајката, објаснувајќи дека кога Рајан имал пет години, почнал да доживува кошмари и визии.
„Често се будеше врескајќи, држејќи се за градите и повторувајќи дека срцето му експлодирало додека бил во Холивуд,“ изјавила таа, додавајќи дека побарала помош од психијатарот д-р Џим Б. Такер.
Д-р Џим Б. Такер, професор по психијатрија и невробихејвиорални науки на Универзитетот во Вирџинија, со помош на филмски експерт го открил идентитетот на личноста за која Рајан тврдел дека е негова реинкарнација. Станува збор за Мартин Мартин, агент за таленти кој починал во 1964 година.
„Случајот на Рајан е невообичаен и бара објаснување. Тој ни откри многу детали за животот на Мартин Мартин, за кои немал од каде да дознае,“ објаснува д-р Такер.
Кој бил Мартин Мартин?
Мартин Мартин е роден во 1903 година во Филаделфија. Првично бил непознат статист во многу филмови, но подоцна станал агент за таленти и настапувал како танчер на Бродвеј. Рајан често ги спомнувал сестрите од минатиот живот – кои навистина постоеле – како и некои спомени поврзани со нив.
Истражувањата откриле дека Мартин навистина живеел на Бродвеј и една од неговите сестри станала позната танчерка. Рајан, исто така, „се сетил“ дека уживал во возење покрај океанот, бил женет четири пати и дека неговата последна сопруга возела црн автомобил. Дополнителна фасцинација предизвикало тоа што ќерката на Мартин ги потврдила зборовите на момчето.
Приказната на Рајан привлече голем медиумски интерес и тој се појави во неколку емисии.
Случаи на деца со сеќавања од минатите животи
Постојат околу 2.500 документирани случаи на деца кои тврдат дека се сеќаваат на минатите животи. Првиот што систематски ги проучувал овие појави бил д-р Иан Стивенсон, психијатар на Универзитетот во Вирџинија, кој значаен дел од својата кариера го посветил на оваа тема.
Неговиот труд го продолжиле истражувачи како д-р Џим Такер, кој го документирал случајот на Рајан и останува водечки експерт во оваа област.