Тату артистката, Тамсин од Велика Британија на нејзиниот Тикток профил ги објасни правилата кои важат во нејзиниот салон за тетовирање. Таа рече дека постојат четири ситуации кога ги одбива клиентите кои закажале тетовирање.
Изгореници од сонце
Првата ситуација е кога клиентот посакува тетоважа на место каде што има изгореници. Таа објасни дека тетовирањето на такво место е многу болно, а тетоважата нема правилно да зарасне бидејќи кожата ќе се лупи.
Акни или егзема
Истата ситуација важи и за луѓето кои имаат тешки акни или егзема, а посакуваат тетоважа на тие места. Артистката рече дека и таквата кожа нема добро да ја прими тетоважата.
Тамсин нагласи и дека доколку клиентите навремено ја известат за акните, нема да го загубат депозитот, туку ќе имаат право да договорат нов термин. Но, ако само се појават со акни, го губат својот депозит затоа што не го најавиле тоа и не ја објасниле ситуацијата.
Пијани луѓе
Оваа артистка не сака да тетовира пијани луѓе или оние кои се под дејство на какви било супстанции. Доколку клиентот пристигне пијан на договорениот термин, тој не е состојба да даде согласност за тетоважата, а тоа може да ѝ направи неволја на Тамсин.
Шаблон
Доколку клиентите се пребирливи околу одбирањето на шаблонот и се двоумат околу местото на тетоважата, Тамсин вели дека нема да ги тетовира, за клиентите подоцна да не бидат незадоволни.