Нова сезона на Фчерашни новости

Точка

05/09/2018

11:53

8.516

Големина на фонт

а а а

Фчерашни новости се веќе три сезони на ТВ екраните, а наскоро стартуваат и со четвртата сезона.

Нудат производ сосема поразличен од другите, исполнет со креативност, смеење и многу често веродостојни и вистинити информации, без разлика на тоа што начинот на презентирање на информациите е дијаметрално спротивен од оној на кој сме навикнати при класичното презентирање на вестите.


Со оглед на тоа дека новата сезона е на прагот, поразговаравме со дел од екипата:

- Новата сезона ја стартуваме на 9 септември. Ќе не гледате секоја недела од 19:30 часот на Канал 5 телевизија. Екипата е возбудена и едвај чекаме да почнеме – велат оттаму.


По три сезони во Телма телевизија, оваа четврта сезона, Фчерашни стартува на Канал 5.

- Четвртата сезона ќе се емитува на Канал 5 телевизија, со надеж дека ќе постигнеме уште поголема гледаност. Со Телма имавме одлична соработка во изминатите три сезони и многу сме им благодарни за тоа.

Изминатиот период екипата на Фчерашни организираше два кастинзи.

- Многу сме задоволни од заинтересираноста на луѓето да бидат дел од оваа екипа. Имаше баш многу пријавени, па заради тоа и два пати правевме кастинг. Се пријавија многу талентирани, воглавно млади луѓе, кои сакаа да го споделат нивниот талент со нас. Почестени сме дека ги одбраа токму Фчерашни – додаваат тие.


Со оглед на кастинзите, екипата ќе се збогати со ликови, но ќе воведе и други новости.

- Новости секако ќе има. Прво ни се збогатува екипата, што е дополнителен предизвик и за нас и на оние кои ќе станат дел од нас. Се надеваме дека новите учесници ќе оформат свои специфични ликови, кои ќе бидат препознатливи како оние досега. И да секако, работиме и на други моменти, нови рубрики, планирано е и реално шоу, нешто слично како лани што го правевме Болнички срвајвр... како и да е, ќе има новости кои ем се предизвик за нас, ем ќе бидат интересни за публиката.


Хелоу Аљи, Депресито, Крисмас сонг, Македонијо каде си, Малери, Киснам во архив, се песните кои се дел од богатиот колаж на Фчерашни.

- Многу ни се прави ќеиф да правиме обработки на познати хитови. Снимањето во студио е вистинско уживање за сите нас. Изненадени но и презадоволни сме како публиката ги прифати песните. Бројот на прегледи на Јутјуб и на Фејсбук кај некои од овие песни достигнува и над еден милион. Неверојатно! Значи, секако ќе направиме нови вакви преработки и во четвртата сезона. Размислуваме дури да направиме и авторска песна, која што се надеваме дека ќе се реализира до крајот на сезоната.


Повеќето ќе речат дека ги препознаваат на улица

- Секако дека не препознаваат, сакаат да се сликаат со нас и сакаат да се дружат со нас. Честопати знаат да ни се развикаат по името на ликот кој што го играме во Фчерашни и потоа да ги свртат главите на другата страна. Ни ги пеат песните кога ќе не видат... има многу ситуации, но забележуваме дека сме популарни кај публиката, а тоа дополнително не мотивира.


На шега рекоа дека никогаш нема да ги ограбат, зошто во нивните простории секогаш има некој

- Премногу се дружиме и на работа и надвор од работните обврски и функционираме, ќе звучи клише, но како едно семејство, ама во буквална смисла на зборот. Премногу се сакаме и почитуваме и никако не можеме еден без друг. Знаеме по цел ден да седиме на работа и во нашите канцеларии постојано има некој од екипата, буквално 24/7. Дури се случува некој и да преспие во Фчерашни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг