Емили Ратајковски мажена, објавува топлес фотографии - "Бракот ќе ти трае три недели", и посочија најблиските

Точка

16/05/2018

13:56

13.973

Големина на фонт

а а а

Доколку ја следите Емили Ратајковски на социјалните мрежи, ќе ви стане јасно дека таа се гордее со своето тело, па најчесто ги поздравува фановите со топлес фотографии, без оглед на тоа што сега е мажена девојка. При интервјуто за списанието Мари Клер минатата недела,таа беше запрашана за нејзините гради, а таа им одговори дека тие се "клучни" за нејзината сексуалност.


Емили истакна дека клучот за нејзината убавина лежи во генетиката, односно дека убавината ја наследила од нејзината мајка Кетлин. 

Тaa во едно интервју изјави:

"Градите се смешни, но понекогаш тие се нешто што ме тера да се чувствувам најмоќно, тие се клучот за мојата сексуалност".




Емили удри по критичарите кои рекоа дека нејзиниот брак "нема да трае". 26 годишниот модел стапил во љубовна врска со Себастијан, а како што велат изворите тие сепознавале само неколку недели пред да стапат во брак. Емили го запознала Себастијан на тајната церемонија во Њујуорк Сити, во февруари. 

Таа се брнеше од коментарите за својата шокантна свадба, а за магазинот Мари Клер изјави:

"Никој не може сериозно да ги сфати жените за  било какви  избори што тие  ги прават, особено ако тие жени се однесуваат единствено и уникатно, па не оставаат впечаток дека некогаш би се венчале.Интересно беше тоа што после мојата свадба, доаѓаа луѓе со предвидувања за мојот брачен живот велејќи, ти давам само три недели, бев изненадена", заврши таа на крајот.

Венчавката на Емили ги погоди насловните страници најмногу поради костимот кој што го носеше на церемонијата, бидејќи истиот чинел  150 фунти. 

Зборувајќи за изборот на облека, таа рече:

"Кога немате вистинска свадба, тоа интимен настан само за вас двајца. Го носев она што сакав да го носам.Јас всушност се надевав дека никој нема да не дознае, сеуште се навикнувам на славата".

Gold obsessed ✨@foundrae

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on