Актерката Марго Роби го привлече вниманието во 2013 година со улогата во филмот „The Wolf of Wall Street“, но нејзиниот пат до успехот бил долг и нималку лесен.
Денес, како актерка и продуцент таа стои зад низа значајни проекти. Низ сопствената продукциска куќа „LuckyChap“, Роби се посветила на приказните кои ја истакнуваат женската перспектива во индустријата, но истовремено свесна колку овие теми можат да бидат сложени и чувствителни.
По движењето #МеТоо, многумина побрзале да ги раскажат „женските приказни“, но често без подлабока анализа. Филмовите како што се „Promising Young Woman“ и „Blondie“ биле критикувани поради начинот на којшто пристапуваат кон темите на траума и женското искуство.
Некои филмови, како што е „Bombshell“ се обиделе да пренесат реални приказни, во овој случај, сексуалното вознемирување на „Fox News“, но не успеале успешно да ги пренесат емоционалната и општествена сложеност во врска со тоа.
Меѓутоа, Марго Роби оставила моќен впечаток во филмот „Bombshell“ толкувајќи ја улогата на новинарка, жртва на манипулација и злоставување од страна на Роџер Аљес.
Во една особено вознемирувачка сцена, нејзиниот лик е принуден да го крене здолништето пред Аљес, а оваа сцена оставила моќна емоционална трага, како врз публиката така и врз самата актерка.
„Џон и јас бевме еднакво вознемирени од таа сцена. Секако дека постоеше многу сигурна атмосфера на сетот. Благодарна сум што успеав да ја направам таа сцена со Џон“, изјавила Роби.
Иако професионалните услови биле внимателно поставени, емоционалното влијание не можело да се избегне.
„Џеј Роуч (режисерот) беше со нас секоја секунда, а целата екипа беше извонредна, но содржината на таа сцена е исклучително вознемирувачка“, изјавила Роби.