Швајнштајгер ја понижи Ана Ивановиќ пред 17 милиони луѓе! Поради фаталната водителка направи нешто неприфатливо – фановите бесни поради овој потег!

Точка

22/04/2025

16:15

6.697

Големина на фонт

а а а

Од почетокот на 2025 година, Бастијан Швајнштајгер очигледно повеќе не е во љубов со Ана Ивановиќ. Постојат многу детали кои укажуваат на тоа дека славниот пар се разделил, а нивните обожаватели секојдневно ги коментираат занимливостите кои се појавуваат на нивните социјални мрежи.

Овојпат на „удар“ е Бастијан, а причината е исклучително интересна. Германскиот ас речиси четири месеци нема објавено ниту една фотографија со сопругата! Можеби немаше да биде толку контроверзно доколку во споменатиот период во повеќе наврати не споделувал фотографии со Естер Седлачек, водителката со која работи за извесна германска телевизија.


Во неколку наврати на неговиот профил се појавија заеднички фотографии со Естер додека ги коментираше настаните на фудбалските терени. А, за тоа време ниту траг ниту глас од Ана.

Ова го забележале и фановите на српската тенисерка, па во неколку наврати оставале коментари под фотографиите:


„Каде ти се фотографиите со Ана?“, гласел најчестиот коментар, а имало и такви кои коментирале дека Швајни отворено постира друга жена пред милиони луѓе (17.000.000 го следат на Инстаграм) и се прашувале дали на неа ѝ е пријатно сето тоа да го гледа.

Естер и Бастијан се коментаторски тандем на спортска телевизија, а познатата водителка од пред неколку месеци е во блажена состојба. Таа има сопруг кој не ѝ е познат на јавноста и ќерка и син. Сега го очекуваат третото дете.