Шпанскиот фудбалер Жерар Пике изминативе години се најде среде скандал затоа што ја изневери колумбиската пејачка Шакира по 12 години љубов, а сега наводно ѝ бил неверен и на својата девојка.
Раскинувањето на Пике и Шакира е едно од оние кои ја одбележаа 2022 година, а истото беше проследено со голема драма затоа што откриено беше дека некогашниот ас на Барселона ја изневерил музичката сензација.
Тој имал афера со шпанската студентка и хостеса Клара Чиа Марти со која ја продолжил врската откако се раздели со Шакира, со која има двајца синови Милан и Саша. Пејачката крајот на љубовта го опеа во повеќе песни.
Зошто раскинаа Пике и Клара?
Новинарката Адријана Доронсро тврди дека Пике и неговата девојка раскинале и дека причината за тоа е трета личност. Според шпекулациите, станува збор за црвенокоса жена со која поранешниот фудбалер наводно бил забележан во Мајами.
Медиумите пишуваат и дека Пике и Клара одредено време биле во криза затоа што таа сакала да стане мајка додека пак спортистот не планирал уште едно дете. Наводно проблеми во врската имале со месеци, а потоа раскинале.
„Не сум изненадена затоа што знам дека беа во криза, поради тоа што таа сакаше да преминат на повисоко ниво, да стане мајка, но тој не“, истакнала новинарката.