[ФОТО] Обожавателите на познатата пејачка загрижени поради нејзиниот изглед: „Оземпик кралица – преслаба е“

Точка

26/04/2025

13:13

1.399

Големина на фонт

а а а

Пејачката Деми Ловато го привлече вниманието на обожавателите со новата објава на Инстаграм.

Имено таа објави серија фотографии на кои позира пред огледало, а посебно внимание привлече фотографијата на која носи црни шорцови и маица која ја кренала за да го покаже стомакот. Нејзиниот изглед предизвика поделени реакции, а многумина го спомнале лекот Оземпик.


„Таа е толку слаба! Повеќе ми се допаѓаше кога беше подебела“, „Оземпик кралица“, „Оземпик навистина добро ѝ прилега“, „Сега сите се на Оземпик“, „Изгледаш толку слабо, се надевам дека си добро“, „Кога ослабе толку многу?“, „Изгледа болно. Овој пат не може да го обвини својот тим“, коментирале обожавателите. Но, некои ѝ упатиле и комплименти, велејќи дека изгледа „совршено“ и „како божица“.

Таа отворено прозборе за нарушувањата во исхраната

Потсетуваме Деми отворено прозборе за нејзините нарушувања во исхраната, вклучително и булимијата. Во март 2021 година, таа објави фотографија на Инстаграм со опис дека „случајно ослабела“, а исто така откри дека не ги брои калориите, ниту ја ограничува својата исхрана, додавајќи: „А особено не го живеам мојот живот според културата на диета“.


Исто така минатата година, пејачката рече дека се опоравувала од булимија „пет или шест години“ и учела како да го прифати своето тело. „Имам тим кој ми помага да закрепнам. Треба да работам на прифаќање на моето тело и да бидат неутрална кон него, бидејќи тоа ми се чини како цел што можам да ја постигнам“, изјавила Ловато.